Bosch ANGLE EXACT 2 Notice Originale page 250

Masquer les pouces Voir aussi pour ANGLE EXACT 2:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 27
250 | Македонски
Десен тек: За навртување на завртките, притиснете го
прекинувачот за менување на правец на вртење (14) на
лево до крај.
Лев тек: За олабавување одн. одвртување на завртките
притиснете го прекинувачот за менување на правецот на
вртење (14) на десно до крај.
Вклучување на работното светло
Работното светло (18) овозможува осветлување на
местото на завртување при неповолни светлосни услови.
Работното светло го вклучувате (18) со лесно
притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (13). Доколку го притиснете посилно
прекинувачот за вклучување/исклучување, ќе се вклучи
електричниот алат, а работното светло и понатаму свети.
Не гледајте директно во него, може да ве заслепи.
u
Вклучување/исклучување
Одвртувачите имаат спојка за
исклучување која зависи од вртежниот
момент и се подесува во дадените граници.
Таа реагира доколку се постигне подесениот
вртежен момент.
Hапомена: Доколку го употребувате одвртувачот со
струјниот адаптер, најпрво мора да го активирате
регулаторот на напон.
За вклучување на електричниот алат притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (13) до крај.
Електричниот алат автоматски се исклучува, штом се
постигне подесениот вртежен момент.
При предвремено отпуштање на прекинувачот за
u
вклучување/исклучување (13) претходно
подесениот вртежен момент нема да се постигне.
Совети при работењето
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Електричниот алат ставете го на навртката/
u
завртката само доколку е исклучен. Доколку алатите
што се вметнуваат се вклучени и се вртат, тие може да
се превртат.
Подесување на вртежниот момент (види слики G – I)
Вртежниот момент зависи од преднапонот на пружината
на исклучната спојка. Исклучната спојка се отпушта
веднаш штом се постигне поставениот вртежен момент
како во десен, така и во лев тек.
За подесување на индивидуалниот вртежен момент,
користете го само алатот за поставување (30) што е
испорачан со уредот.
Турнете го лизгачот (7) од електричниот алат целосно
наназад.
ANGLE EXACT
2 | 3 | 6 | 7 | 8 | 15 | 17 | 23 | 30
1 609 92A 4V1 | (05.03.2019)
Вметнете клуч со внатрешна шестаголна глава (31) во
алатот за вметнување (30) и свртете го полека.
Веднаш штом забележите мала испакнатина во отворот
на куќиштето (плочка за подесување (32)) на спојката,
вметнете го алатот за поставување (30) во оваа
испакнатина и свртете го.
ANGLE EXACT
14CF | 22CF | 29CF
Внимавајте на информациите во врска со купениот
рамен погон или прашајте го специјализираниот трговец.
Вртењето во правец на стрелките на часовникот создава
висок вртежен момент, а вртењето во правец спротивен
од стрелките на часовникот создава помал вртежен
момент.
Извадете го алатот за поставување (30). Турнете го
лизгачот (7) повторно нанапред, за да ја заштитите
спојката од нечистотија.
Напомена: Потребната поставка зависи од видот на
сврзувањето и најдобро може да се одреди со практичен
обид. Проверете го завртувањето со клуч за вртежен
момент.
Вртежниот момент поставете го само во
u
наведените граници на јачина, инаку нема да
одговара на спојката за исклучување.
Обележување на поставките на вртежниот момент
ANGLE EXACT
2 | 3 | 6 | 7 | 8 | 14CF | 15 | 17 |
22CF | 23 | 29CF | 30
За обележување на индивидуално подесен вртежен
момент, прстенот за обележување (17) може да го
замените со прстен за обележување во друга боја.
Доколку, на пример, користите неколку EXACT-
електрични алати со вртежен момент од 4,5 Nm, може да
ставите црвени прстени за обележување за означување
на вртежниот момент. Доколку користите други EXACT-
електрични алати во друго поле на монтажа, чиј вртежен
момент е подесен на 7,5 Nm, може да ставите прстен за
обележување во друга боја (црн, син, зелен или жолт), за
да го означите вртежниот момент во ова поле. Прстените
за обележување во различна боја се смислени за помош
на монтерите, за брзо да може да ги препознаат, кој
вртежен момент е поставен за односниот електричен
алат.
Притиснете го прстенот за обележување (17) со тенок
одвртувач, шпатула или слично.
Секогаш користете го електричниот алат со прстен за
обележување, за да бидете сигурни дека куќиштето е
заштитено од прав и нечистотија.
LED-приказ
Приказ на наполнетоста на батеријата
Доколку е потребно полнење на батеријата
(11) LED-приказот (10) трепка зелено и се
слуша акустичен сигнал. Можни се само 6 –
8 завртувања.
Доколку LED-приказот свети црвено, капацитетот нема да
биде доволен за ново завртување на спојници или
електричниот алат е преоптоварен. Електричниот алат не
може да се вклучи. Блокадата при вклучување останува
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières