Raider RD-SA26 Mode D'emploi Original page 65

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 36
Електричните апарати "Рајдер" се дизајнирани и произведени во согласност со нормативните
документи и стандарди во согласност со сите барања за безбедност што се применуваат.
Содржината и опфат на гаранцијата
Услови на Гаранцијата
Рокот на гаранцијата се наведува во гарантниот лист и важи од датумот на купување на производот.
Купувачот/Корисникот на електричната опрема имаат право на бесплатни поправки на уредот
доколку истиот е во гарантираниот период, доколку гарантниот лист е правилно пополнети со
потпис и печат од страна на продавачот кој го продал уредот, потпшпишан од страна на купувачот
кој потврдува дека е запознаен со условите на гаранцијата и со фискална сметка или фактура која го потврдува датумот
на купување на електричниот апарат.
За поправка и рекламација ќе бидат примени само добро исчистени машини!
Поправката на дефекти признати од наша страна во гарантираниот рок се изведува на следниот
начин: по наш избор ги поправаме дефектните уреди безплатно или ги менуваме за нови доколку се
во гарантниот рок и доколку не е можно сервисирање.
Уредот треба да се користи строго по упатствата и прописите пропишании во упатството.
За безбедно работење со електричниот уред неопходно е купувачот пред да започне со користење
на уредот, да се запознае со упатството за употреба, да се запознае со ставките за безбедност при
работа и да го користи уредот за тоа што е наведено во упатството. Уредот бара периодично
чистење и адекватно одржување.
Гаранцијата не опфаќа:
- Губење на бојата на машината.
- Делови и потрошни материјали кој подлежат на абење при употреба, како што се: маст, масло,
четкици, водичи, ваљаци, ролки, подлошки, погонски ремени, флексибилно вратило,
лагери, семеринги, клип, работно тркало и др.
- Опрема и материјали како што се: Рачки,кабли, батерии, кутии, додатоци за напојување, бургии, дискови за сечење,
ножеви ланци, шмиргли, граничници, конец за сечење и др.
- Стопени електрични осигурувачи и заштити
- Механички оштетувања на телото на уредот, декоративни елементи.
- Заштита за очите, заштита за сечење, гумирани плочки, затварачи, мерила и др.
- Кабел и приклучоци.
- Целокупно оштетување на апаратот настанато како последица од пожар, поплава, земјотрес и сл.
Поништување на гаранцијата
Правото да се поништи поправката (ремонт) во рамките на гарантниот период е во следниве случаи:
- Серискијот број заведен во гаранцијата не одговара со серискијот број на машината .
- Налепницата за идентификација залепена на производот е избришана или е исчезната.
- Доколку друго лице кое не е овластениот сервис се обиде да го поправат уредот.
- Доколку не се појави како резултат на несоодветна употреба на уредот (не следи ги инструкциите
наведени во упатството) од страна на купувачот или друго лице.
- Дефктот е предизвикан од невнимателна употреба со апаратот
- Оштетувања предизвикани од работа со дотрајани (или лошо поставени) елементи за сечење
- Оштетувањата на роторот или статорот настанале како последица на топењето на изолацијата
предизвикано од прекумерно користење на апаратот.
- Оштетувањата на роторот или статорот резултат на преоптоварување или оштетен на системот
за вентилација која се манифестира со рамномерно потемнување на колекторот или намотката.
- Недостигаат заштитните дискови, или други делови кои се дел од составната опрема и се
наменети за да се обезбеди безбедно работење со уредот кога се користи правилно.
- Електричниот кабел на машината е продолжен или замени од страна на корисникот.
- Оштетувања на уредот од преоптеретување, лоша вентилација и од недоволно подмачкување на подвижните делови
- Оштетени лагери поради преоптоварување или долготрајна работа.
- Скршено легло за лагери од страна на блокиран лагер
- Некомплетен заб на запчаникот (скршен, изабен)
- Скршено шпонково или вилушесто лежиште
- Оштетувања во електриката за клучот како резултат на прашина или кршење
- Оштетување на редукционата кутија (глава) настанато од механизамот за заклучување
- Појава на невообичаена лабавост помеѓу клипот и цилиндарот како резултат на
преоптеретување, долготрајна употреба или прашина
- Затегнатост помеѓу клипот и цилиндарот како резултат на преоптеретување прекумерна употреба
или прашина
- Оштетено централното тркало и кочницата(променета на боја) - последица на работа со
блокирана кочница
Крајниот рок за поправка на уредот кој е примена во сервисот е 45 дена.
Овластениот сервис не сноси одговорност за опремата доколку сопственикот не ја подигне еден
месец по истекот на законскиот рок за поправка на машината!

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières