• Рестартирајте за заштитата
- ако снема струја, алатот нема сам да се
рестартира
- користете се со прекинувачот E % за да го
рестартирате алатот
• Заштита за преоптоварување
Преоптоварување (на пр. блокирано сечиво) може да
доведе до прекин во работата на алатот
- почекајте малку пред да го вклучите алатот
повторно
- рестартирајте го алатот со тоа што прво ќе го
притиснете копчето, G % а потоа прекинувачот E %
• Дробење ^
- ставајте го материјалот што треба да се исечка
преку отворот на доводот за полнење H
- ставајте материјал, но внимавајте доводот за
полнење да не се блокира
! подолгиот материјал може да се размавтува
пред да се исече
! може да се исфрлаат мали парчиња од
материјалот додека се сечка од отворот на
доводот за полнење
! носете заштитни очила, акустичка заштита и
заштитни ракавици кога го користите алатот
- не ставајте мек отпад, како што е домашниот
отпад во дробачот
- проверете дали исечканиот материјал може лесно
да излегува од испустот C
- обезбедете отворите за вентилација J 2 да не
бидат прекриени со вреќата за собирање или со
исечканиот материјал
- избегнувајте да го блокирате испустот C со
исечканиот материјал бидејќи така може да дојде
до повратен удар преку отворот за полнење H
• Отстранување блокади &
! исклучете го алатот и извадете го од
приклучокот
- разлабавете го безбедносниот регулатор F и
отворете го алатот како што е прикажано на
сликата
- исчистете ја областа за сечкање (отстранете го
насобраниот отпад со дрвен или пластичен алат)
- исчистете го и испустот C од отпад
- затворете го алатот и затегнете го безбедносниот
регулатор F докрај
• Вртење/замена на сечивото *
! исклучете го алатот и извадете го од
приклучокот
- сечивото има остар раб на двете страни; затоа
ако едната страна затапи, може да се користи
другата страна
- заменете го сечивото кога ќе затапат двете
страни (број на резервен дел на SKIL 2610Z02553,
обележен со YAT 8231-545201)
- разлабавете го безбедносниот регулатор F и
отворете го алатот како што е прикажано на
сликата
- разлабавете ги двете навртки на сечивото со клуч
L додека ја користите металната плоча M како
подлога
- свртете и поставете го сечивото како што е
прикажано на сликата
- затегнете ги двете навртки на сечивото со клуч L
додека ја користите металната плоча M како подлога
- затворете го алатот и затегнете го безбедносниот
регулатор F докрај
СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА
• Дробете ги пресните гранки штом ќе ги отсечете за
најдобри резултати
• Користете го бодежот K за ставање мек материјал (
• Дробете пресен отпад од градината во помали
количини, особено ако е мокар
• Блокадите може да се избегнат со повремено
дробење гранки
ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
• Овој алат не е наменет за професионална употреба
• Одржувајте го алатот внимателно и чувајте го чист
- секогаш одржувајте ги отворите за вентилација
чисти и без отпадоци
! пред чистење извадете го алатот од
приклучокот
• Редовно проверувајте дали има дефекти како
разлабавено, изместено или оштетено сечиво,
разлабавени стеги и изабени или оштетени делови
• Заменете ги истрошените или оштетените делови од
безбедносни причини
• Избегнувајте да го виткате безбедносното
заклучување N ) бидејќи така може да дојде до
расипување на алатот
• Секогаш исклучете го алатот, почекајте сечивото да
се смири, исклучете го штекерот и оставете го да се
олади пред проверка, прилагодување, сервисирање
и/или складирање на алатот
• Чувајте го алатот на затворено и суво место
• При сервисирање на единицата за дробење, имајте
предвид дека дури и ако моторот не работи заради
одликата на заштитата за безбедносно заклучување,
единицата за дробење може да се поместува со рака
• Доколку алатот и покрај внимателното работење и
контрола некогаш откаже, поправката мора да ја
изврши некој овластен SKIL сервис за електрични алати
- во случај на примедба, испратете го алатот
нерасклопен, заедно со сметкопотврдата, до
вашиот продавач или најблискиот SKIL сервис
(адресите се наведени на www.skil.com)
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА
СРЕДИНА
• Не се ослободувајте од електични алати, уреди
или амбалажа преку нивно фрлање во
домашното ѓубре (само за земјите на ЕУ)
- според Европската Директива 2012/19/EC за
ослободување од електрична и електронска
опрема и нејзина имплементација во согласност
со националните закони, електричните алати кои
го достигнале крајот на својот животен век мора
да бидат собрани посебно и да бидат вратени во
соодветен објект за рециклирање
- симболот @ ќе ве потсетува на ова кога ќе дојде
време алатот да го фрлите
82