замени со батерија од погрешен тип.
• Не изложувајте ги батериите на високи температури или околу уреди за
греење, како што е сончева светлина, грејно тело, микробранова печка,
рерна или бојлер. Прегревањето на батеријата може да предизвика
експлозија.
• Не фрлајте ја батеријата во оган. Во спротивно, батеријата може да се
запали или да експлодира.
• Батеријата не треба да ви паѓа, да се гмечи или дупнува. Избегнувајте
надворешен притисок што може да предизвика внатрешен краток спој и
прегревање.
• Не расклопувајте ја и не изменувајте ја батеријата, не ставајте туѓи тела и
не потопувајте ја батеријата во вода или во други течности за да избегнете
истекување на батеријата, прегревање, пожар или експлозија.
• Фрлете ги батериите според локалните прописи. Не фрлајте ги батериите
како отпад од домаќинството. Неправилното ракување со батеријата може
да предизвика батеријата да експлодира.
• Вашиот уред ги исполнува барањата пропишани во IP67 (IEC 60529).
• Етикетата на производот се наоѓа на долниот дел од производот.
Информации за фрлање и рециклирање
Симболот на производот, батеријата, литературата или амбалажата
значи дека производите и батериите треба да се однесат во посебни
места за собирање отпад одредени од локалните власти по крајот на
работниот век. На тој начин ќе се обезбеди дека отпадот од
електричната и електронската опрема ќе се рециклира и ќе се третира
на начин што ги зачувува вредните материјали и го заштитува
здравјето на луѓето и околината. За повеќе информации, контактирајте со
локалните власти, продавачот или службата за фрлање на отпадот од
домаќинствата или посетете ја веб-локацијата https://consumer.huawei.com/en/.
89