Télécharger Imprimer la page

ZEKLER 412RD Mode D'emploi page 41

Zekler hearing protection
Masquer les pouces Voir aussi pour 412RD:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 10
Радио (погледнете Слика 3a)
Заштитникот за слух се одликува со
ограничување на нивоата на звучни сигнали
од звучниците до максимални 82 dB(A) кои
доаѓаат до увото.
Слушањето на радио може да доведе до
послаба разбирливост на сигналите за
предупредување на работното место.
Вклучување/исклучување на звукот
– Завртете го вртливото копче со ознака
"Radio" за да го вклучите радиото. Продолжете
да вртите во насока на часовникот за да ја
зголемите јачината на звукот.
– Во случај на услови со слаб прием, радиото
автоматски преминува од стерео режим во
моно режим, за да го задржи оптималниот
квалитет на звукот.
Избирач на фреквенција/канали (погледнете
Слика 3b)
– Завртете го вртливото копче со ознака "FM"
за избирање на радио станици.
– Фреквентниот опсег на радиото изнесува од
88-108 MHz FM
Активно слушање (погледнете Слика 3c)
Заштитникот за слух е опремен со активна
функција за јачина на звукот. Проверете дали
функцијата работи пред да започнете да го
користите уредот. Доколку настанат пречки
или грешки, погледнете ги инструкциите од
производителот за одржување и замена на
батеријата.
– Предупредување! Звукот од активната
контрола на јачина на звукот кај заштитникот
за слух може да го надмине нивото на
надворешниот шум.
– Заштитникот за слух се одликува со
ограничување на нивоата на звучни сигнали
од звучниците до максимални 82 dB(A) кои
доаѓаат до увото.
Вклучување/исклучување на звукот
– Завртете го вртливото копче со ознака
"Surround" за да ги вклучите микрофоните
за активно слушање. Продолжете да вртите
во насока на часовникот за да ја зголемите
јачината на звукот.
Активно слушање + радио (погледнете
Слика 3)
– И двете функции имаат индивидуална
контрола на јачината на звукот. Прилагодете ја
јачината на звукот на саканото ниво.
Надворешен аудио влез (погледнете Слика 4)
Заштитникот за слух е опремен со електронски
аудио влез. Проверете дали функцијата
работи пред да започнете да го користите
уредот. Доколку настанат пречки или грешки,
погледнете ги инструкциите од производителот.
– Предупредување! Поврзувањето на
надворешен аудио извор може да доведе до
ниво на звук кое го надминува дозволеното
дневно изложување.
– Максимален дозволен аудио сигнал: 263mV
– На аудио влезот од 3,5 mm може да поврзете
радио за комуникација, MP3 плеер, мобилен
телефон или друг надворешен извор на звук.
– Функцијата за јачина на звукот мора да биде
вклучена при користење на надворешниот
аудио влез.
Батерии (погледнете Слика 5)
– Уредот се испорачува со две батерии од
1,5 V и AA големина.
– Користете само NiMH батерии од 1,5 V и AA
големина.
– Проверете дали половите плус и минус на
батериите се правилно поставени.
– Никогаш не менувајте ги батериите кога
електрониката е вклучена.
– Предупредување! Перформансите постепено
се намалуваат со празнење на батериите.
При нормална употреба, векот на траење на
батеријата изнесува приближно 120 часа.
– Резервни делови/галантерија
Комплет за хигиена #HK3
– 2 прстени за прицврстување
– 2 апсорбирачи на шум
– 1 перниче за штитници за уши (наменето
само за ленти за на глава)
Изберете го вистинскиот комплет за хигиена
за вашиот заштитник за слух. Комплетот за
хигиена треба да се менува најмалку два пати
годишно.

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

412rdh