Télécharger Imprimer la page

Ferm PRM1015 Traduction De La Notice Originale page 132

Masquer les pouces Voir aussi pour PRM1015:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 19
Поставување на длабина на нурнување
Сл. G+A1
Длабината на нурнување може да се дотерува
со помош на копчињата 8, 9, 11 и 15. Ако
длабината на нурнување е правилно
поставена, тогаш може да се изглода жлеб со
точност од 0.1 mm.
Подготвока:
• Поставете соодветно глодалото во алатот.
• Глодалката можете да ја турнете надолу,
наспроти силата од пружината.
• Притиснете го алатот надолу, додека
глодалото не го допре работното парче, а
потоа забравете со лостот за забравување
(11).
• Отстегнете го копчето 9.
• Поставете го копчето 15 на 0.
• Користете го копчето 8 за да ја поставите
длабината до крај.
• Стегнете го копчето 9 (надесно). Длабината
на глодање е поставена со точност од 0
mm.
Грубо поставување:
• Прочитајте ја вредноста од скалата (12).
• Отстегнете го копчето 9.
• Свртете го копчето 8 и повторно прочитајте
ја вредноста. Разликата помеѓу двете
вредности е поставувањето на
длабочината. На пример: Ако вредноста на
скалата (12) е 8,5 на 0 поставување, а
вредноста е 7 после вртењето на копчето
(8), длабочината на нурнување е поставена
на 1,5 cm.
• Стегнете го копчето 9.
Фино поставување:
• Отстегнете го копчето 9.
• Горното копче (15) сéуште е на 0. Свртете
го копчето десно, за цел круг, додека не се
врати во положба 0. Сега длабочината е
помала за 1 mm.
• Ако е потребно, длабочината може да се
постави со точност од од 0.1 mm.
• Стегнете го копчето 9.
• Одбравете ја забравната рачка (11).
Дотерување со користење на револвер за
граничник на длабина
Револверот за граничник на длабина
овозможува брз избор помеѓу три различни
длабини.
Тие се утврдени со дотерување на граничникот
за длабина (10).
132
За поголеми длабини на глодање, се
препорачува глодање во повеќе премини.
• Поставете ја потребната длабина со
ротирање на револверот за граничник на
длабина (21).
5. ОДРЖУВАЊЕ
Уверете се дека машината е
исклучена кога го одржувате
моторот.
Оваа машина е конструирана да работи долг
период со минимално одржување.
Непрекинатото успешно работење зависи од
грижата на машината и редовното чистење.
Чистење
Редовно чистете го куќиштето со мекана крпа,
по можност после секое користење. Чувајте ги
отворите за вентилација чисти, без прашина.
Ако нечистотијата не се вади, употребете
мекана крпа навлажнета со вода со сапуница.
Никогаш не користете растворувачи како што е
бензин, алкохол, амонијачна вода итн. Овие
растворувачи можат да ги оштетат
пластичните делови.
Дефектажа
Најдете некои потенцијални причини и
решенија за можни откази.
1 Прекинувачот е вклучен, но моторот не
работи
• Електричното коло е прекинато.
• Поправете го електричното коло.
• Жиците во приклучокот или приклучницата
се лабави.
• Проверете ги и поправете ги
приклучокот и приклучницата
• Прекинувачот е неисправен.
• Поправете го прекинувачот.
2 Глодалката работи полека
• Истапено или оштетено глодало
• Наострете го или заменете го
глодалото
• Променливата брзина е поставена ниско
• Зголемете ја брзината
• Моторот е преоптоварен
• Намалете ја силата на туркање

Publicité

Chapitres

loading