ПРЕД ДА ЗАПОЧНЕТЕ СО УПОТРЕБА НА
ДЕЛ - 1.
АПАРАТОТ
Општи предупредувања
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не ги блокирајте отворите за
вентилација кои се најдуваат во кутијата на уредот или во
вградената структура.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Немојте да користите механички
уреди или други начини за забрзување на процесот на
одмрзнување, освен оние кои се препорачани од
производителот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Немојте да користите електрични
уреди во внатрешните оддели на уредот, освен доколку не
се од вид кој е препорачан од производителот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не го оштетувајте колото на
разладувачот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Кога го позиционирате уредот,
гледајте кабелот за струја да не биде заглавен или оштетен.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Немојте да поставувате повеќе
продолжни кабли или утикачи на задниот дел од уредот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: За да се спречи опасност поради
нестабилност на уредот, мора да се фиксира според
инструкциите.
Ако вашиот уред користи R600а како рефригерант –
можете да ја видите оваа информација на етикетата на
ладилникот – треба да внимавате за време на транспорт и
монтажа да не ги оштетите разладните елементи на
ладилникот. Иако тој е пријателски спрема околината и
природен, експлозивен е. Во случај на истекување поради
оштетување на елементите на ладилникот, оддалечете го
уредот од извори на оган или топлина и проветрете ја собата
неколку минути.
MK -119-