Пред Првата Употреба - Gorenje ESCM15DBK Notice D'utilisation

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 58
Пред првата употреба
За уште првата шолја кафе да биде со извонреден вкус, исплакнете го апаратот за кафе со млака
вода на следниот начин:
1. Отворете го капакот на резервоарот за вода, наполнете го резервоарот со вода, при што
нивото на вода не смее да ја прејде ознаката „MAX" на резервоарот. Потоа вратете го капакот
на резервоарот.
Напомена: апаратот е опремен со резервоар за вода кој се вади за полесно чистење; може
прво да го наполните резервоарот со вода и потоа да го вратите резервоарот со вода на
апаратот.
2. Ставете го металниот филтер во металната инка (без кафе во филтерот), при што цевката на
инката треба да „легне" во жлебот на апаратот, а потоа вметнете ја инката во апаратот од
положбата „ВМЕТНИ" („INSERT") и цврсто прикачете ги на апаратот за кафе со вртење во
насока на стрелките на часовникот сѐ додека не дојдете до положбата „ЗАКЛУЧЕНО" („LOCK").
3. Ставете шолја на решетката за шолји којашто се вади. Копчето за контрола на пареата мора
да биде во положба „ИСКЛУЧЕНО" („OFF").
4. Приклучете го апаратот на струја и притиснете го копчето за струја; индикаторот на струја
светнува во бела боја, индикаторите на копчето за 1 шолја кафе, за 2 шолји кафе, за рачно
правење кафе и за пареа трепкаат, апаратот започнува да се загрева и, кога сите индикатори
постојано ќе светат, загревањето е завршено.
Напомена: доколку загревањето сѐ уште не е завршено, притиснете го копчето за 1 кафе,
копчето за 2 кафиња или копчето за рачно правење кафе, при што пумпата не работи; доколку
сакате да направите пареа, притиснете го копчето за пареа.
5. Притиснете го копчето за рачно правење кафе. Апаратот ќе испушта вода околу 30 секунди.
Истурете ја водата од садот за цедење и исчистете го темелно. Апаратот е сега подготвен за
правење кафе.
Напомена: Кога апаратот испушта вода по прв пат, може да се чуе звук, што е нормално, затоа
што апаратот го испушта воздухот од внатрешноста. По околу 20 секунди, звукот ќе исчезне.
Напомена: пред првата употреба, индикаторот ќе трепка брзо, со што алармира дека во
проточниот грејач нема вода. Притиснете го копчето за рачно правење кафе и држете го
притиснато сѐ додека пумпата не престане да работи и додека не се исклучи алармот. Потоа
може да почне варењето на кафето.
Претходно загревање
За да направите шолја добро, врело „еспресо", ви препорачуваме преетходно да го загреете
апаратот пред да го направите кафето, вклучително и металната инка, металниот филтер и
шолјата, за студените делови да не влијаат врз вкусот на кафето.
Извадете го резервоарот за вода и отворете го капакот на резервоарот, за да го
1.
наполните со вода, при што нивото на вода не смее да ја прејде ознаката „MAX" во
резервоарот. Потоа, вратете го резервоарот на неговото место.
Ставете го металниот филтер во металната инка, проверете дали цевката на инката е
2.
„легната" во жлебот на апаратот и ставете ја инката во апаратот од положбата „ВМЕТНИ"
(„INSERT") и цврсто приврстете ја за апаратот за кафе, вртејќи ја во насока обратна од
насоката на стрелките на часовникот, сѐ додека не дојде во положба „ЗАКЛУЧЕНО"
(„LOCK").
Ставете ја шолјата за кафе на решетката.
3.
Приклучете го апаратот во струја. Копчето за контрола на пареата мора да биде во
4.
положба „ИСКЛУЧЕНО" („OFF").
Притиснете го копчето за струја, индикаторот за струја светнува во бела боја,
5.
индикаторите на копчето за 1 шолја кафе, на копчето за 2 шолји кафе и на копчето за
рачно правење кафе трепкаат, а апаратот почнува да се загрева. Кога сите индикатори
ќе почнат постојано да светат, тоа значи дека загревањето е завршено. Притиснете на
копчето за рачно правење кафе, апаратот ќе почне да пумпа вода, а во случај водата да
истекува, повторно притиснете го истото копче, за веднаш да го сопрете пумпањето
85

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières