Безбедносни Мерки; За Време На Работата; Воведни Операции - inventiv NV T17051 TH Manuel D'utilisation

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 5
1. БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ
ДО КОИ ТРЕБА СТРОГО ДА СЕ ПРИДРЖУВАТЕ
ВАЖНО - ПРОЧИТАЈТЕ ВНИМАТЕЛНО ПРЕД ДА ЈА КОРИ-
СТИТЕ МАШИНАТА ЗАЧУВАЈТЕ ГО ИДНИ НАВРАЌАЊА
ОПИС НА МАШИНАТА И ОПСЕГ НА УПОТРЕБА
Оваа машина претставува градинарска опрема и конкретно трево-
косачка со оператор на нозе.
Машината во основа се состои од мотор којшто придвижува сечиво 
сместено во картер и има тркала и рачка. Операторот е во позиција 
да  управува  со машината  и  да  ги вклучува  главните  команди  др-
жејќи се секогаш зад рачката и на безбедно растојание од сечивото 
што се врти. Оддалечувањето на операторот од машината предиз-
викува запирање на моторот и на сечивото по неколку секунди.
Предвидена употреба
Оваа машина е дизајнирана и произведена за косење (и собирање) 
трева во градини и на тревни површини со опсег наведен кај капа-
цитетот  за  косење  што  се  спроведува  во  присуство  на  оператор 
којшто оди.
Присуството на дополнителната опрема и на одредени уреди овоз-
можува  собирање  на  покосената  трева,  но  може  и  да  го  предиз-
викува ефектот на „дробење" и положување на покосената трева 
врз теренот. 
Несоодветна употреба
Која  и  да  е  друга  употреба  може  да  претставува  опасност  и  да 
предизвика повреди и штети за лица и/или предмети. Настануваат 
при неправилна употреба (како на пример, но не е ограничено на 
следното):
–  превоз на лица, деца или животни врз машината,
–  при транспорт на машината,
–  употреба на машината за влечење или буткање товар,
–  употреба на машината за собирање лисја или гранки,
–    у потреба  на  машината  за  порамнување  огради  или  за  сечење 
вегетација што не е трева,
–  употреба на машината од страна на повеќе луѓе,
–  вклучување на сечивото врз терени на кои нема трева.
A) ОБУКА
1)  Внимателно прочитајте ги упатствата. Запознајте се со коман-
дите и со правилното користење на машината. Научете бргу да го 
запирате моторот.
2)  Не  дозволувајте  никогаш  деца  да  ја  употребуваат  машината 
или други лица кои не се детално запознаени со упатствата. Ло-
калните законски прописи ја одредуваат минималната возраст на 
корисникот.
3)  Никогаш не користете ја тревокосачката: 
–    к ога во непосредна близина има други лица, особено деца или 
животни;
–    д околку корисникот е во состојба на замор или изнемоштеност, 
или користел лекови, дрога, алкохол или други штетни супстанци 
што влијаат врз капацитетот за навремено реагирање или вни-
мание.
4)  Имајте на ум дека корисникот или операторот се одговорни за 
незгодите или опасностите по други лица или нивниот имот.
Б) ВОВЕДНИ ОПЕРАЦИИ
1)  Во текот на косењето, носете секогаш отпорни работни чевли 
коишто не се лизгаат и долги пантолони. Не вклучувајте ја трево-
косачката со боси нозе или отворени сандали. 
2)  Проверете ја темелно целата површина за работа и отстранете 
сè што би можело да биде отфрлено од машината и да ги оштети 
сечивото и моторот (играчки, камења, гранки, железни остатоци, 
коски, итн.).
3)  ВНИМАНИЕ: ОПАСНОСТ! Бензинот е лесно запалив.
–    ч увајте го горивото во соодветен склад;
–    н аполнете гориво со помош на инка само на отворено и не пуше-
те  во  текот  на  оваа  операција,  како  и  секојпат  кога  се  ракува 
со горивото;
–    п олнете гориво пред да го запалите моторот. Никогаш не допол-
нувајте  гориво  или  не  отворајте  го  капачето  на  резервоарот 
додека моторот работи или е уште загреан;
–    а ко се истури гориво, не палете го моторот, туку прво отстранете 
ја машината од местото на истурање и избегнувајте палење на 
оган додека не испари целото истурено гориво и додека испару-
2
MK
вањата не се распрснат.
–    с екогаш  докрај  затворајте  го  капачето  на  резервоарот  и  на 
садовите со гориво;
4)  Заменете ги неисправните придушувачи.
5)  Пред  употреба,  направете  детален  преглед  со  особено  вни-
мание на: 
–    б езбедносната  рачка  треба  да  има  слободно  движење,  без 
примена на сила и при отпуштање треба да се врати автоматски 
и бргу во неутрална  позиција со што се одредува  застанување 
на уредот за косење,
–    н а сечивата и проверете дали навртките и уредот за косење се 
изабени или оштетени. Заменете ги сите сечива и оштетени или 
истрошени навртки за да ја одржите рамнотежата. Заменете ги 
оштетените или нечитливите етикети.
6)  Пред да започнете со работа, поставете ги заштитите на изле-
зот (вреќа или заштити за  испустот).
В) ЗА ВРЕМЕ НА РАБОТАТА
1)  Не  палете  го  моторот  во  затворен  простор  каде  може  да  се 
соберат опасни јаглерод– 
моноксидни гасови.
2)  Работете само на дневна светлина или при добро вештачко ос-
ветление и при услови на добра видливовост.
3)  Ако е можно, избегнувајте работа на мокра трева. Избегнувајте 
да работите кога врне и кога има невреме.
4)  Секогаш  обезбедувајте  правилно  потпориште  на  закосени  те-
рени.
5)  Никогаш не трчајте, туку одете избегнувајќи при тоа да ве влече 
тревокосачката. 
6)  Косете попречно на закосен терен, никогаш нагоре – 
надолу. 
7)  Обрнете  максимално  внимание  при  промена  на  правецот  на 
закосеност.
8)  Никогаш не косете на терени со закосеност над 20°. 
9)  Обрнете  особено  внимание  во  присуство  на  стрмнини,  дупки 
или препреки.
10)  Обрнете максимално внимание кога ја влечете тревокосачката 
кон себе. 
11)  Застанете го сечивото ако тревокосачката треба да се закоси 
при транспорт, кога се поминува преку терени без трева и кога тре-
вокосачката се носи кон теренот на кој треба да се коси и обратно.
12)  Никогаш  не  вклучувајте  ја  машината  ако  заштитите  се  оште-
тени или нема вреќа за собирање на тревата или без заштити за 
испустот. 
13)  Не преправајте или дезактивирајте ги безбедносните системи.
14)  Не менувајте ги регулациите на моторот и не користете го во 
режим со превисоки вртежи.
15)  Кај  моделите  на  погон,  исклучете  ја  спојницата  за  пренос  на 
тркалата пред да го вклучите моторот.
16)  Внимателно вклучете го моторот според упатството и држете 
ги нозете подалеку од сечивото. 
17)  Не закосувајте ја тревокосачката во движење. Вклучувајте ја на 
рамни површини, исчистени од препреки и висока трева.
18)  Не приближувајте ги рацете или нозете до или под деловите 
што ротираат. Секогаш стојте оддалечено од отворот за празнење. 
19)  Не  вклучувајте  ја  машината  кога  стоите  пред  отворот  на  ис-
пустот.
20)  Не  подигнувајте  ја  или  не  транспортирајте  ја  тревокосачката 
кога работи моторот. 
21)  Запрете го моторот и исклучете го кабелот на свеќичката:
–    п ред каква било интервенција под плочата за косење или пред 
чистење на спроводникот за празнење;
–    п ред проверка, чистење или работа на тревокосачката;
–    п о  удар  во  страни  предмети.  Проверете  дали  има  евентуални 
оштетувања на тревокосачката и поправете ги пред да одново 
да ја користите машината; 
–    а ко  тревокосачката  започне  да  вибрира  на  ненормален  начин 
(веднаш побарајте ја причината за вибрациите и однесете ја за 
неопходни проверки во специјализиран сервис). 
22)  Запрете го моторот:
–    с екојпат кога ја оставате тревокосачката без надзор; Извадете 
го клучот кај моделите со електрично палење;
–    п ред дополнување гориво; 
–    с екојпат кога се вади или поставува вреќата за покосена трева; 
–    п ред да ја регулирате висината на косење.
23)  Намалете го забрзувањето пред да го исклучите моторот. За-
творете го напојувањето со гориво по завршување со работа сле-
дејќи ги инструкциите во упатството за моторот.

Hide quick links:

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières