OBJ_DOKU-41557-004.fm Page 67 Wednesday, February 18, 2015 7:10 AM
Македонски
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите
напомени и упатства за
безбедност. Грешките
настанати како резултат од
непридржување до
безбедносните напомени и
упатства може да
предизвикаат електричен
удар, пожар и/или тешки
повреди.
Добро чувајте ги овие упатства.
Користете го полначот само откако ќе ги проучите сите
функции и може да ги примените истите без ограничувања
или откако ќе ги добиете потребните упатства.
Безбедносни напомени
Овој полнач не е предвиден за
користење од страна на деца и
лица со намалени психички,
физички или ментални
способности или недоволно
искуство и знаење. Овој полнач
може да го користат деца над 8
години како и лица со намалени
физички, сензорни и ментални
способности или недоволно
искуство и знаење, доколку се
под надзор од лица одговорни за
нивната безбедност или се
подучени за безбедно ракување
со полначот и ги разбираат
опасностите кои може да
произлезат поради тоа. Инаку
постои опасност од погрешна
употреба и повреди.
Надгледувајте ги децата за
време на користењето,
чистењето и одржувањето. Така
ќе се осигурате дека децата нема да
си играат со полначот.
Bosch Power Tools
Полнете само Bosch литиум-
јонски акумулатори со капацитет
од 2,0 Аh (од 5 акумулаторски
ќелии). Напонот на батеријата
мора да одговара на напонот за
полнење на полначот. Не полнете
повторно полнливи батерии.
Инаку постои опасност од пожар и
експлозија.
Полначот држете го подалеку од дожд и
влага. Навлегувањето на вода во полначот го
зголемува ризикот од електричен удар.
Одржувајте ја чистотата на полначот. Доколку се
извалка, постои опасност од електричен удар.
Пред секое користење, проверете го полначот,
кабелот и приклучокот. Не го користете полначот,
доколку приметите оштетувања. Не го отворајте
сами полначот и оставете го на поправка кај
квалификуван стручен персонал кој ќе користи
само оригинални резервни делови. Оштетениот
полнач, кабел и приклучок го зголемува ризикот за
електричен удар.
Не го користете полначот на лесно запалива подлога
(на пр. хартија, текстил итн.) односно во запалива
околина. Постои опасност од пожар заради
затоплувањето на уредот што произлегува при
полнењето.
Доколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги
на лекар. Пареата може да ги надразни дишните
патишта.
Не поставувајте метални предмети на полначот одн.
помеѓу батеријата и полначот. Металните предмети
може да се загреат и да доведат до повреди.
Не принесувајте кредитни картички или други
магнетни носачи на податоци во близина на
полначот. Податоците содржани на овие носачи на
податоци може да се избришат.
Употреба со соодветна намена
Затоа предвидено е полначот да го полните исклучиво со
индуктивни литиум-јонски батерии од Bosch (18 V).
Индуктивното полнење се врши без контакт со магнетна
индукција.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1 Индуктивна батерија*
2 Приказ за режим на приправност (зелено)
3 Приказ за состојба на наполнетост
Македонски | 67
1 609 92A 16B | (18.2.15)