Télécharger Imprimer la page

Milwaukee M18 SIC30HDR Notice Originale page 828

Publicité

3.7 Употреба на макарата за проверка на цевките
Проверка на кабелот за туркање за знаци на абење – Кога намотувате кабелот, проверете го за исекотини, кршења и
истрошени места. Ако обвивката е толку истрошена дека може да се види жолта или бела кевлар плетенка, кабелот
за туркање треба да се замени. Кога користите кабел за туркање со оштетена обвивка, во него можат да навлезат
вода и влага, што може да влијае на квалитетот на снимките од камерата или да доведе до откажување на камерата.
Илустрацијата подолу покажува примери на тешко оштетени обвивки. Ваквите кабли за туркање треба да се заменат
што е можно поскоро.
Секогаш чувајте го кабелот за туркање и модулот на пружините сув и чист – Секогаш кога намотувате кабелот,
чистете го со чиста, сува крпа. На крајот на работниот ден, внимателно измијте ја главата на камерата и пружината
под проточна вода. Протресете ги деловете или издувајте вишок вода со сув воздух под мал притисок и потоа
исушете ги деловите. При секојдневната употреба главата на камерата, кабелот за туркање и деловите за
поврзување се изложени на агресивни хемикалии. Внимателното чистење на системот ќе го продолжи животот на
овие делови.
Внимателно ракувајте со кабелот за туркање – Не извлекувајте го кабелот за туркање кога макарата е заклучена.
Инаку кабелот ќе биде смачкан во макарата и ќе биде преоптоварен. Од друга страна, ако го притиснете кабелот за
туркање назад во заклучената макара, ролната може да се преврти или кабелот да се скрши.
Ставете ја макарата на рамна површина околу 1 до 2 метри од влезната точка. На тој начин ќе остане доволно
простор за ракување со кабелот, без да повлекувате јамки на кабелот на подот. Доколку е потребно, притиснете ја
кочница за триење, за да го забавите движењето на кабелот за туркање.
Ако макарата се користи во хоризонтална положба, растојанието меѓу нозете се зголемува. На овој начин положбата
на макарата станува постабилна на нерамно тло и ја намалува висината, што е предност во тесни места.
1
2
МАКЕДОНСКИ
1x
1x
c a . 1 m
- 2 m
27

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

M18 sic36hdrM18 sic60schdrM18 sic60hdrM18 sish