Орање и растресување на почвата
3.2
За почеток на работата:
– регулирајте ја потпората на саканата висина,
– поставете го помошното тркало во подигната позиција,
– лесно притиснете врз ракофатот за да ги подигнете
фрезите од почвата,
– притиснете ја безбедносната рачка (1) и повлечете ја
рачката за вклучување на фрезите (2).
– спуштете ги фрезите за да може да навлезат во почвата
и движете ја машината.
Совети за добра работа
• Не користете ја машината на мокар терен и кога грутките
земја тешко се разбиваат.
• Ако почвата е тврда и сува, бараната длабочина треба да
ја постигнете со две вкрстени поминувања извршени со
смалена длабочена.
Завршување со работа
3.3
На крајот на работата:
– пуштете ја рачката за вклучување (2),
– поставете ја рачката за забрзување во позиција „STOP"
(застанато),
– поставете го помошното тркало во подигната позиција,
Извадете го капачето на свеќичката (1) пред да ја одложите
машината или пред да интервенирате на кој било начин.
4. РЕДОВНО ОДРЖУВАЊЕ
ВАЖНО - неопходно е редовно и правилно одржување
за долготрајно задржување на безбедносното ниво и
првобитната исполнителност на машината.
Чувајте ја машината на суво место.
1) Носете цврсти заштитни ракавици при секоја
интервенција за чистење, одржување и регулација на
машината.
2) По секоја работа, исперете ја машината со вода.
Отстранете ги остатоците од отпадоци и кал кои се
наталожиле на фрезата и под заштитата за да избегнете
тие да се исушат со што ќе биде тешко подоцна да се
отстранат.
3) Со текот на работата, лакот од долниот дел на
куќиштето може да отпадне заради абразивното дејство
на грутките земја. Во тој случај, треба спремно да
интервенирате со премачкување лак против 'рѓосување
за да се спречи создавање 'рѓа, а со тоа и корозија на
металот.
4) Во случај кога треба да се пристапи до долниот дел,
закосете ја машината само на страната како што
е прикажано во упатството за моторот следејќи ги
соодветните упатства.
5) Избегнувајте истурање бензин врз пластичните делови
на моторот или врз самата машина за да се избегне
оштетување и веднаш исчистете ја секоја трага од
бензин ако тој случајно се излил. Гаранцијата не
ги покрива оштетувањата на пластичните делови
предизвикани од бензин.
52
Замена на фрезите
4.1
Сечивата на фрезите не се острат.
За замена на фреза:
– извадете го капачето (1),
– тргнете ја расцепката (2), одвртете го клинот (3) и
извадете ги надворешната (4) и внатрешната (5) фреза.
ВНИМАНИЕ - сечивата на фрезите НЕ се вадат од
плочата на потпората и затоа треба СЕКОГАШ да се
замени целата плоча заедно со сечивата. Употреба на
фреза со еден или поцеќе сечива оштетени или ако
воопшто ги нема, доведува до опасност и ја загрозува
безбедноста и доверливоста на машината.
За оваа машина се предвидени оригинални фрези што го
носат знакот:
118801761/0 (надворешна фреза)
118801760/0 (внатрешна фреза)
Поставете ги фрезите (4) и (5) и поставете ги соодветниот
клин (3), расцепката (2) и капачето (1).
Регулација на преносот
4.2
Секогаш кога ќе наидете на невообичаени појави во
моментот на активирање на рачката за вклучување на
фрезите како прилично насилно вклучување или ако
фрезите успоруваат кога ќе навлезат во почвата, треба да
спроведете регулација на кабелот за вклучување.
Оваа работа треба да се изведе во најблискиот Сервисен
центар или кај продавачот.
5. ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Заштитата на животната средина треба да се извршува
релевантно и приоритетно при употреба на машината во
корист на граѓанските погодности и на просторот во кој
живееме.
– Избегнувајте постоење на елементи што го нарушуваат
непосредното опкружување.
– Доследно следете ги локалните закони за фрлање
на амбалажата, делови во распаѓање или какви било
елементи со штетно влијание врз животната средина.
Овие отпадоци не смеат да се фрлаат во ѓубре, туку
треба да се селектираат и да се однесат во соодветни
собирни центри за рециклирање материјали.
– При исфрлање од употреба, не оставајте ја машината
каде било во природата, туку предајте ја во собирен
центар во согласност со важечките локални закони.
Во случај на какво било двоумење или проблем,
контактирајте со Овластениот сервис во непосредна
близина или со Застапникот.