Télécharger Imprimer la page

GGP PAN 504 Serie Manuel D'utilisation page 115

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 83
испуст,  заштитата  за  страничниот  испуст  или  зашти-
тата  на  задниот  испуст,  како  и  вреќата  за  собирање. 
Заменете ги ако се оштетени.  
12) Заменете ги етикетите со упатства и пораки за вни-
мание ако се оштетени.
13)  Чувајте  ја  машината  на  место  до  кое  што  не  допи-
раат децата.
14) Никогаш не чувајте ја машината со полн резервоар 
во  просторија  каде  испарувањата  може  да  допрат  до 
отворен пламен, искра или до извор на топлина.
15) Оставете моторот да се излади пред да се остави 
машината во која било средина.
16) За намалување на ризикот од запалување, чувајте 
ги моторот, придушувачот, акумулаторот и самото ме-
сто  на  чување  на  бензинот  исчистени  од  остатоци 
од  трева,  листови  и  прекумерно  масло.  Извадете  ја 
вреќата за собирање и не оставајте остатоци од поко-
сена трева во затворен објект. 
17)  За  да  го  намалите  ризикот  од  пожар,  редовно 
проверувајте дали има пролеано масло и/или гориво. 
18) Ако резервоарот треба да се испразни, истото тре-
ба да се прави на отворено и кога моторот е изладен.
E) ТРАНСПОРТ И ДВИЖЕЊЕ
1)  Секојпат  кога  е  потребно  движење,  подигнување, 
транспорт или закосување на машината, треба:
–    д а носите заштитни ракавици,
–    д а ја зафатите машината на места кои нудат сигурен 
зафат, имајќи ја предвид нејзината тежина и распре-
делба на истата;
–    д а ангажирате соодветен број луѓе во согласност со 
тежината на машината и карактеристиките на сред-
ството за транспорт или за местото на кое треба да 
се донесе или земе истата. 
–    П роверете дали има капки од бензин кога работи ма-
шината или знаци на оштетувања или дефекти.
2) За време на транспорт, обезбедете ја соодветно ма-
шината со помош на јажиња или синџири.
F) ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
1)  Заштитата  на  животната  средина  треба  да  се  из-
вршува  релевантно  и  приоритетно  при  употреба  на 
машината  во  корист  на  граѓанските  погодности  и  на 
просторот во кој живееме. Избегнувајте појава на еле-
менти што го нарушуваат непосредното опкружување.
2)  Доследно  следете  ги  локалните  закони  за  фрлање 
на  амбалажата,  маслата,  бензинот,  акумулаторот, 
филтрите,  делови  во  распаѓање  или  какви  било  еле-
менти  со  штетно  влијание  врз  животната  средина. 
Овие отпадоци не смее да се фрлаат во ѓубре туку тре-
ба да се селектираат и однесат во соодветни собирни 
центри кои рециклираат материјали.
3)  Следете  ги  точно  локалните  закони  за  фрлање  на 
материјалите кои ќе се резултат на сечењето.
4) При исфрлање од употреба, не оставајте ја машина-
та каде било во природата, туку предајте ја во собирен 
центар во согласност со важечките локални закони.
ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА МАШИНАТА
ОПИС НА МАШИНАТА И ОПСЕГ НА УПОТРЕБА
Оваа машина претставува градинарска опрема и кон-
кретно тревокосачка со оператор на нозе.
Машината  во  основа  се  состои  од  мотор  којшто  при-
движува уредот со сечивото со запци сместени во кар-
тер и има тркала и рачка. 
Операторот  е  во  позиција  да  управува  со  машината  и 
да  ги  вклучува  главните  команди  држејќи  се  секогаш 
зад рачката и на безбедно растојание од ротирачкиот 
уред  со  сечивото.  Оддалечувањето  на  операторот  од 
машината предизвикува запирање на моторот и на ро-
тирачкиот уред по неколку секунди.
Предвидена употреба
Оваа машина е дизајнирана и произведена за косење 
(и  собирање)  трева  во  градини  и  на  тревни  површини 
со  опсег  наведен  кај  капацитетот  за  косење  што  се 
спроведува во присуство на оператор којшто оди.
Присуството  на  дополнителната  опрема  и  на  одреде-
ни уреди овозможува собирање на покосената трева, 
но може и да го предизвикува ефектот на „дробење" и 
положување на покосената трева врз теренот.
Вид на корисник
Оваа машина е наменета да ја користат корисници, т.е. 
оператори коишто не се професионалци. Оваа машина 
е наменета за „домашна употреба".
Несоодветна употреба
Која  и  да  е  друга  употреба,поинаква  од  горенаведе-
ните,  може  да  претставува  опасност  и  да  предизвика 
повреди и штети за лица и/или предмети. Се отфрлаат 
при неправилна употреба (како пример, но не се огра-
ничува на следното):
–    п ревоз на лица, деца или животни врз машината,
–    п ри транспорт на машината,
–    у потреба  на  машината  за  влечење  или  буткање  то-
вар,
–    у потреба  на  машината  за  собирање  лисја  или  гран-
ки,
–    у потреба  на  машината  за  порамнување  огради  или 
за сечење вегетација што не е трева,
–    у потреба на машината од страна на повеќе луѓе,
–    в клучување на уредот со сечивото врз терени на кои 
нема трева
ЕТИКЕТА ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА И КОМПОНЕНТИ
НА МАШИНАТА (видете ги сликите на страница ii)
1.  Ниво на акустична моќност
2.  Ознака за усогласеност со CE
3.  Година на производство
4.  Вид тревокосачка
5.  Сериски број
6.  Име и адреса на производителот
7.  Код на производ
8.    Н оминална  моќност и максимална
брзина на работата на моторот
9.  Тежина во кг.
11.  Куќиште
12.  Мотор
13.  Уред со сечивото
14.  Заштита на заден испуст
MK - 3

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

Np 534 serie