Télécharger Imprimer la page

AL-KO solo T 22-111.4 HDS-A V2 Instructions De Montage page 79

Masquer les pouces Voir aussi pour solo T 22-111.4 HDS-A V2:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 15
Распакување на тракторската косилка
2 РАСПАКУВАЊЕ НА
ТРАКТОРСКАТА КОСИЛКА
Тракторската косилка се доставува на една
цврста дрвена палета.
За распакување на тракторот ставете ја
палетата на една хоризонтална подлога.
1. Отстранете ги сите додатоци и материјали
за пакување.
2. Отстранете ја дрвената дршка и предната
даска (само кај 20''-гуми).
3. Отстранете ги двете дрвени клоцни.
4. Отстранете ги шајките и завртките од
штицата или чукнете ги со чекан така што
да не можат да се оштетат гумите.
5. Истуркајте го тракторот на напред од
палетата.
6. Осигурајте го тракторот против
оттркалување (на пр. со клоцни).
3 МОНТИРАЊЕ НА ТРАКТОРСКАТА
КОСИЛКА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасности од
нецелосно монтирање! Тракторската
косилка не смее да се користи пред да биде
целосно монтирана! Направете ги сите
монтажни работи коишто се опишани во
упатството за монтажа. Во случај на
сомневање пред пуштањето во употреба
прашајте стручно лице дали монтажата е
правилно направена! Проверете дали се
присутни сите безбедносни и заштитни уреди
и дали се функционални!
Пред да се пушти во работа тракторската
косилка, како што е опишано во упатството за
работа, мора успешно да се спроведат
следниве монтажни работи.
3.1
Монтирање на воланот (01)
1. Поставете ги предните тркала право во
насоката на возење.
2. Ставете ја стезната чаура (01/1) на
управувачката осовина.
3. Ставете го воланот (01/2) на стезната
чаура.
Напомена: Внимавајте на позицијата,
главината треба да покажува кон
возачот.
4. Ставете ја шајбната (01/3) и чиниестата
пружина (01/4).
5. Прицврстете го воланот (01/2) со
шестоагоналната завртка (01/5).
494359_a
Напомена: Запазете го затезниот
момент од 35 Nm +5 Nm. Користете
моментен клуч.
6. Ставете ја поклопката (01/6).
3.2
Монтирање на седиштето на возачот
(02, 03)
1. Извадете го осигурувачот на осовината
(02/1) од седиштето (02/3).
2. Извадете ја осовината (02/2).
3. Вовлечете ги заедно седиштето (02/3) и
осовината и повторно монтирајте го
осигурувачот на осовината (02/1).
4. Приклучете го контактниот прекинувач
(03/1) на седиштето.
5. Кабелот (03/2) на контактниот прекинувач
(03/1) прицврстете го со врзувачи на кабли
на спојката (02/4).
3.3
Монтирање на контролната рачка за
темпоматот (04)
1. Монтирајте ја контролната рачка (04/1) за
темпоматот со помош на една
шестоаголна завртка M5x20 и шајбна.
3.4
Монтирање на капак за странично
исфрлање (05 – 07)
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасности од
недостасувачки или оштетен капак за
странично исфрлање. Тракторската косилка
смее да се користи само ако е монтиран
капакот за странично исфрлање за
страничното исфрлање. Ако не е монтиран
работењето е забрането бидејќи постои
опасност од навлегување во ножевите на
алатката за косење. Оштетениот заштитен
уред треба веднаш да се замени со
оригинален резервен дел.
1. Задржете го капакот за странично
исфрлање на отворот за исфрлање од
алатката за косење (05/a).
2. Закачете го федерот на капакот за
странично исфрлање и алатката за
косење (06/a).
3. Осигурајте ги федерот и капакот за
странично исфрлање со пин за
заклучување (06/b).
4. Заклучете го пинот за заклучување (07/a).
MK
79

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

Solo t 22-110.4 hdh-a v2127709127727