140 | Македонски
При неправилно изхвърляне старите електрически и
електронни уреди поради възможното наличие на опасни
вещества могат да окажат вредни влияния върху околна-
та среда и човешкото здраве.
Акумулаторни батерии/батерии:
Литиево-йонни:
Моля, спазвайте указанията в раздела Транспортиране
(вж. „Транспортиране", Страница 139).
Македонски
Безбедносни напомени
Сите упатства треба да се прочитаат и да
се внимава на нив. Доколку мерниот уред
не се користи согласно приложените
инструкции, може да се наруши
функцијата на вградените заштитни механизми во
мерниот уред. ДОБРО ЧУВАЈТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА.
Мерниот уред смее да се поправа само од страна на
u
квалификуван стручен персонал и само со
оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе
бидете сигурни во безбедноста на мерниот уред.
Не работете со мерниот уред во околина каде
u
постои опасност од експлозија, каде има запаливи
течности, гас или прашина. Мерниот уред создава
искри, кои може да ја запалат правта или пареата.
Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од
u
краток спој.
При оштетување и непрописна употреба на
u
батеријата може да излезе пареа. Батеријата може
да се запали или да експлодира. Внесете свеж
воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар.
Пареата може да ги надразни дишните патишта.
При погрешно користење или при оштетена
u
батерија може да истече запалива течност од
батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку
случајно дојдете во контакт со течноста,
исплакнете со вода. Доколку течноста дојде во
контакт со очите, побарајте лекарска помош.
Истечената течност од батеријата може да предизвика
кожни иритации или изгореници.
Батеријата може да се оштети од острите предмети
u
како на пр. клинци или одвртувач или со
надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен
краток спој и батеријата може да се запали, да пушти
чад, да експлодира или да се прегрее.
Неупотребената батерија држете ја подалеку од
u
канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари,
клинци, завртки или други мали метални предмети,
што може да предизвикаат премостување на
контактите. Краток спој меѓу контактите на батеријата
може да предизвика изгореници или пожар.
1 609 92A 7KZ | (25.04.2022)
Користете ја батеријата само во производи од
u
производителот. Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
Батериите полнете ги со полначи што се
u
препорачани исклучиво од производителот.
Доколку полначот за кој се наменети одреден вид на
батерии, се користи со други батерии, постои
опасност од пожар.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр.
од долготрајно изложување на сончеви
зраци, оган, нечистотии, вода и влага.
Инаку, постои опасност од експлозија и
краток спој.
Поради технички услови, мерниот уред не може да
u
гарантира стопроцентна сигурност. За да избегнете
опасности, пред секое дупчење, сечење со пила
или глодање во ѕидови, плафони или подови,
обезбедете друг извор на информации како на пр.
градежни планови, фотографии од градежната
фаза итн. Влијанијата на околината, како влагата на
воздухот или близината со други електрични уреди
може да влијаат врз точноста на мерниот уред.
Составот и состојбата на ѕидот (на пр. влага, градежни
материјали што содржат метал, спроводливи тапети,
изолација, плочки) како и бројот, видот, големината и
положбата на објектите може да влијаат на резултатите
од мерењето.
Внимавајте да има доволно заземјување при
u
мерењето. При недоволно заземјување (на пр. со
изолирани обувки или стоење на кабел) не е можна
локализација на струјните кабли.
Доколку во објектот има гасоводи, тогаш по секоја
u
работа во ѕидовите, таваните или подовите
проверете да не е оштетен некој гасовод.
Струјните кабли може полесно да се пронајдат (на пр.
u
светла, уреди), доколку истите се приклучени и
вклучени на кабелот што се бара. Исклучете ги
струјните потрошувачи и кабли, пред да дупчите во
ѕидови, плафони или подови, сечете или глодате.
По сите работи проверете на подлогата да нема
предмети кои се под напон.
При прицврстување на предмети на суви ѕидови
u
проверете дали има доволна носивост на ѕидот одн.
на материјалите за прицврстување, особено при
прицврстување на потконструкција.
Опис на производот и
перформансите
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Употреба со соодветна намена
Мерниот уред е наменет за барање на предмети во
ѕидови, плафони и подови. Во зависност од материјалот
и состојбата на подлогата, може да се пронајдат метални
Bosch Power Tools