Télécharger Imprimer la page

Gorenje BM235G1SYW Mode D'emploi page 63

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 99
ГРИЖА ЗА МИКРОБРАНОВАТА ПЕЧКА - НЕГА И ОДРЖУВАЊЕ
60
1. Пред чистењето исклучете ја печката и исклучете го кабелот
од штекерот.
2. Внатрешноста на печката треба секогаш да биде чиста.
Кога делови од храна, течност што прска од неа или
истурена течност ќе се засуши на ѕидовите на печката,
само пребришете ги со влажна крпа. Користењето на груби
детергенти или на абразивни средства за чистење не е
препорачливо.
3. Надворешната површина на печката исчистете ја со
влажна крпа. За да го спречите оштетувањето на деловите
во внатрешноста на печката, внимавајте да не ви се истури
вода во отворите за вентилација.
4. Не дозволувајте контролната табла да се намокри.
Исчистете ја со мека и влажна крпа. За чистење на
контролната табла не употребувајте детергенти, груби
(абразивни) средства или распрскувачки средства за
чистење.
5. Ако во внатрешноста или околу надворешнитата обвивка
на куќишето се насобере пареа, избрижете ја со мека
крпа. Ова се случува кога микробрановата печка ја
употребувате во многу влажни простории и во никој случај
не укажува на грешка во работењето на печката.
6. Понекогаш е потребно да ја отстраните и стаклената
основа и да ја исчистите. Стаклената основа измијте ја
во топла вода со малку детергент или, пак, во машина за
миење садови
7. Лежечкиот обрач, како и дното (долната површина) на
внатреноста на печката треба редовно да се чистат,
бидејќи, додека работи печката, може да создава бучава.
Едноставно пребришете го дното на внатрешноста на
печката со благ детергент, вода или со средство за чистење
стакло и исушете je. Лежечкиот обрач можете да го измиете
во топла вода со малку детергент или во машина за миење
садови, по подолга употреба на тркалата на лежечкиот
обрач може да се наталожат остаоци од испарувањето
на храната, сепак, тоа не влијае врз неговата работа.
Кога го отстранувате лежечкиот обрач од жлебот на дното
на комората (во внатрешноста на печката) внимавајте
повторно да го наместите правилно.
8. Можниот непријатен мирис од печката ќе го отсраните
на тој начин што во длабок сад за подготовка на храна
во микробранова печка ќе налеете една шолја вода, а
во водата ќе ставите кора од еден лимон. Потоа садот
оставете го во микробрановата печка пет минути. На крај,
темелно исушете ја внатрешноста на печката и избришете
ја со мека крпа.

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

Simplicity serieBm235g1syb