MK
УПАСТВА ЗА УПОТРЕБА
Прочитајте ги соодветните упатства за употреба за моторот и
батеријата (ако е предвидено).
1. ЗАВРШНА МОНТАЖА
ЗАБЕЛЕШКА - Тревокосачката може да биде опремена со некои
веќе монтирани компоненти.
1.1
За монтирање на дефлекторот (1), левиот крај од осовинката
(2) треба да се протурка и потоа да се вметне во отворот на левиот
држач (3) на шасијата.
Порамнете го другиот крај од пружинката со соодветниот отвор на
држачот на десната страна (4), и, со употреба на одвртка, турнете ја
пружинката во отворот така, што да може да се се достигне жлебот
(5).
Поставете го прстенестиот осигурувач (6) во жлебот и закачете го на
пружините десно (7) и лево (8) како што е прикажано.
1.2a
Држач тип "А"- без регулација на висината - Поставете го
долниот дел од ракофатот (1) на страничните држачи на шасијата и
спојте до со употреба на приложените завртки (2), внимавајќи
подметките за центрирање (3) да бидат правилно поставени.
Поставете го горниот дел (4) со приложените завртки (5), внимавајќи
на правилна позиција на спиралата (6) на кабелот за стартување.
Поставете ги каблите на контролите со помош на стегалките (7).
1.2b
Држач тип "Б"- со регулација на висината - Вратете го
долниот дел од претходно склопениот ракофат (1) во работна
положба и прицврстете го на место со долната стега (2).
Поставете го горниот дел (3) со приложените завртки (4), внимавајќи
на правилна позиција на спиралата (5) на кабелот за стартување.
Поставете ги каблите на контролите со помош на стегалките (6). Со
олабавување на стегалките (2) ракофатот може да се постави на три
различни висини.
1.3
Составете ја командната табла (1) следејќи ги прикажаните
чекори.
1.4a
Ако користите цврст магацин за трева, составете ги двата
дела (1) и (2), внимавајќи куките цврсто и докрај да наседнат.
1.4b
Кога користите платнен магацин, вметнете го рамот (11) во
вреќата (12) и прицврстете го пластичниот профил (13) со помош на
одвртка, како што е прикажано на цртежот.
1.5
Кај моделите со електро-стартер поврзете го кабелот од
акумулаторот на главниот кабел.
2. ОПИС НА КОНТРОЛИТЕ
2.1
Контролата на гасот (каде што ја има) е со контролен лост (1)
поставен како што е прикажано на соодветна плочка.
Некои модели имаат фиксна брзина, па според тоа не им е потребен
гас (2).
2.2
Кочницата на ножот се контролира со лостот (1), и треба да
се притисне кон ракофатот при стартување и користење на
тревокосачката. Кога лостот ќе го отпуштите, моторот запира.
2.3
Кај моделите со спојка на погонот, притиснете го лостот (1)
кон ракофатот за движење нанапред.
Тревокосачката го запира движењето нанапред кога ќе го отпуштите
лостот.
2.4
Височината на косење се реулира со употреба на лостовите
(1). Четирите тркала мораат да бидат на еднаква височина.
ОВА РЕГУЛИРАЊЕ ВРШЕТЕ ГО САМО КОГА НОЖОТ МИРУВА.
3. КОСЕЊЕ НА ТРЕВАТА
3.1
Подигнете го дефлекторот (штитникот) и соодветно
прицврстете го цврстиот магацин за трева (1) или платнениот
магацин за трева (2) како што е прикажано на соодветните цртежи.
3.2
За палење на моторот, следете ги упатствата од прирачникот
на моторот и потоа повлечете го лостот на кочницата на ножот (1) и
притиснете го кон водилката, а потоа остро повлечете го кабелот за
палење (2).
Кај моделите со електро-стартер завртете го клучот на стартерот
(3).
3.3
Тревникот ќе изгледа поубаво ако тревата секогаш се коси на
иста височина и со наизменично менување на правецот на косење.
3.4
Кога ќе завршите со косењето, отпуштете ја рачката на
кочницата (1) и исклучете го кабелот од свеќичката (2). Извадете го
клучот (3) од стартерот (на моделите кои го имаат).
Пред да започнете со било какви работи на косачката ПОЧЕКАЈТЕ
НОЖОТ ПОТПОЛНО ДА ЗАПРЕ.
4. РУТИНСКО ОДРЖУВАЊЕ
ВАЖНО - Регуларното и грижливо чување е неопходно за да се
сочуваат степенот на сигурност и оригиналноста на
тревокосачката.
Тревокосачката одлагајте ја на суво место.
1) Треба да се носат цврсти ракавици за работа пред секое чистење,
чување или регулирање на тревокосачката.
2) Внимателно мијте ја тревокосачката со вода по секое сечење:
отстранете ги остатоците од кал и тревки наталожени во
внатрешноста на шасијата за да избегнете исушување на истите
кои можат да предизвикаат потешкотии во наредното користење.
3) Г лазурата во внатрешноста на шасијата може да се одвои со тек
на време поради абразивни дејствија на исечената трева; во тој
случај, интервенирајте на време поправајќи ја глазурата
средство против рѓосување, за да спречите создавање на рѓа која
може да доведе до корозија на металот.
4) Во случај да треба да се пристапи до долната страна, наведнете
ја тревокосачката само на страната наведена во прирачникот за
моторот, следејќи ги наведените инструкции.
5) Да се одбегнува истурање на бензин врз пластичните делови од
моторот или на машината, за да се одбегне нивно оштетување и
веднаш да се исчисти секаква трага од евентуално истурениот
бензин. Г аранцијата не ги покрива штетите на пластичните
делови, предизвикани од бензин.
4.1
Секаква операција врз ножот треба да биде извршена во
специјализиран центар.
Забелешка за специјализираниот центар: Склопете го ножот (2)
следејќи ја секвенцата наведена на сликата и стегнете ја
централната навртка (1) со динамометричен клуч, подесен а 35 - 40
Nm.
4.2
Кај моделите на погон:
• правилната затегнатост на ременот се добива за половина од
навртката (1) се' додека не се постигне посочената мерка (6мм).
• регистарот (2) треба да се регулира на начин што острицата (3)
делумно ќе биде олабавена кога менувачот (4) ќе биде во
мирување.
4.3
За да го наполните испразнетиот акумулатор, приклучете го
на полнач (1) следејќи ги упатствата од прирачникот на
акумулаторот. Не поврзувајте го полнењето на батеријата директно
за клемите на моторот.
Не е можно да се вклучи моторот со помош на полнењето на
батеријата како извор на напојување бидејќи оваа постапка може да
предизвика големи оштетувања.
Ако косачката нема да се употребува подолг период, тогаш осигурете
се дека акумулаторот е полн, и исклучете ги каблите од него.
Ако имате било какви недоумици или проблеми, немојте да се
двоумите да контактирате со најблискиот Сервисен Центар или
Продажен пункт.
со
33