Совети При Работењето - Bosch GHO Professional 16-82 Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour GHO Professional 16-82:
Table des Matières

Publicité

130 | Македонски
Вклучување/исклучување
Проверете дали можете да го притиснете
u
прекинувачот за вклучување/исклучување, без да
ја отпуштите рачката.
За ставање во употреба на електричниот алат најпрво
активирајте ја блокадата при вклучување (4) и потоа
притиснете го прекинувачот за вклучување/
исклучување (5) и држете го притиснат.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (5).
Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот
за вклучување/исклучување (5) не се блокира, туку мора
постојано да се држи притиснат за време на работата.
Совети при работењето
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Држач на рендето при паузирање (види слика D)
Држачот на рендето при паузирање (25) овозможува
запирање на електричниот алат веднаш по работниот
процес без опасност од оштетување на делот што се
обработува или секачот на рендето. За време на
работниот процес, држачот на рендето при паузирање
(25) се подига нагоре и задниот дел на подлогата на
рендето се отпушта (7).
Напомена: Држачот на рендето при паузирање (25) не
смее да се демонтира.
Процес на рендање (види слика D)
Поставете ја саканата длабочина на стругање и поставете
го електричниот алат со предниот дел на подлогата од
рендето (7).
Ставете го електричниот алат само кога е вклучен
u
на делот што се обработува. Инаку постои опасност
од повратен удар, доколку алатот што се вметнува се
заглави во делот што се обработува.
Вклучете го електричниот алат и водете го со иста брзина
по површината што ја обработувате.
За постигнување на висококвалитетни површини,
работете со мала брзина и со постојан притисок на
центарот на подлогата на рендето.
При обработка на цврсти материјали, на пр. цврсто дрво,
како и при користење на максималната ширина на
рендето поставете мала длабочина на стругање и ев.
намалете ја брзината на рендање.
Зголемената брзина го намалува квалитетот на горните
површини и може да доведе до брзо затнување на
исфрлувачот на струготини.
Само острите секачи на рендето овозможуваат добар
капацитет на сечење и зголемуваат рокот на употреба на
електричниот алат.
Вградениот држач на рендето при паузирање (25)
овозможува продолжување на процесот на рендање
откако ќе прекинете, на одреден дел од парчето што се
обработува:
1 609 92A 4LF | (05.11.2020)
– Електричниот алат со надолу притиснат држач на
рендето при паузирање, поставете го на другото место
од делот што треба да продолжи да се обработува.
– Вклучете го електричниот алат.
– Притиснете на предниот дел од подлогата на рендето и
полека турнете го електричниот алат нанапред (➊).
Притоа држачот на рендето при паузирање ќе се
притисне нагоре (➋), така што задниот дел на
подлогата на рендето повторно ќе легне на делот што
се обработува.
– Водете го електричниот алат со иста брзина по
површината што се обработува (➌).
Закосување на рабови (види слика E)
V‑жлебот на предната страна на подлогата на рендето (8)
овозможува брзо и едноставно закосување на рабовите
од делот што се обработува. Притоа поставете го рендето
со V‑жлеб на работ од делот што се обработува и водете
го по должина на делот што се обработува.
Употребен жлеб
нема
средно
Рендиња со паралелен/аголен граничник (види слики
F–H)
Монтирајте го паралелниот граничник (17) одн. аголниот
граничник (21) со завртката за прицврстување (20) на
електричниот алат. Во зависност од примената,
монтирајте го граничникот за подесување на длабочината
на засекот (24) со завртката за прицврстување (23) на
електричниот алат.
Олабавете ја завртката за блокирање (19) и подесете ја
саканата ширина на засекот (18). Повторно затегнете ја
завртката за блокирање (19).
Поставете ја саканата соодветна длабочина на засекот со
граничникот за подесување на длабочината на засекот
(24).
Повторете го процесот на рендање повеќе пати, додека
не ја постигнете саканата длабочина на засекот. Водете го
рендето со страничен притисок со налегнување.
Искосување со аголниот граничник
димензија a
(mm)
0 – 4
4 – 9
При закосување на засеци
и површини поставете го
потребниот агол на
закосување со подесување
на аголот (22).
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières