Ставање Во Употреба - Bosch GHO Professional 16-82 Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour GHO Professional 16-82:
Table des Matières

Publicité

Користете го само оригиналното Bosch-HM/TC-сечило за
ренде.
Секачот за ренде од цврст материјал (HM/TC) има 2
секачи и може да се врти. Доколку двата раба на секачот
се тапи, секачот на рендето (13) мора да се замени. HM/
TC-секачот на рендето не смее дополнително да се остри.
Демонтирање на секачот на рендето (види слика A)
За вртење или менување на ножот на рендето (13)
свртете ја главата на ножот (10), додека не дојде
паралелно со подлогата на рендето (7).
➊ Олабавете ги двете завртки за прицврстување (12)
со клуч со внатрешна шестаголна глава (14), околу
1−2 вртења.
➋ Доколку е потребно, олабавете го затезниот елемент
(11) со лесно удирање со соодветен алат, на пр.
дрвен клин.
➌ Со дрвено парче турнете го странично секачот на
рендето (13) од главата на секачот (10).
Монтирање на секачот на рендето (види слика B)
Со водечкиот жлеб од секачот на рендето постојано се
обезбедува еднакво подесување на висината при
менување одн. вртење.
Доколку е потребно, исчистете го лежиштето на секачот
во затезниот елемент (11) и секачот на рендето (13).
При монтажата на сечилото на рендето внимавајте истото
беспрекорно да лежи во водилката на прифатот на
затезниот елемент (11). Сечилото на рендето мора да се
вгради во средината на подлогата на рендето (7) и да
се центрира. На крај цврсто затегнете ги 2-те завртки за
прицврстување (12) со клуч со внатрешна шестаголна
глава (14).
Напомена: Пред да почнете со работа, проверете дали
се добро вметнати завртките за прицврстување (12).
Свртете ја главата на секачот (10) со рака и проверете
дали секачот на рендето стружи на некое место.
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Bosch Power Tools
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Редовно чистете го исфрлувачот на струготини (3). За
чистење на затнатиот исфрлувач на струготини користете
соодветен алат на пр. дрвено парче, компресиран воздух
итн.
Не ги фаќајте исфрлените струготини со раце. Може
u
да се повредите од ротирачките делови.
Заради обезбедување на оптимално всисување
постојано користете надворешен уред за всисување или
вреќичка за прав/струготини.
Надворешно всисување (види слика C)
Поставете црево за всисување (15) (опрема) на
исфрлувачот за струготини (3).
Поврзете го цревото за всисување (15) со всисувач за
прав (опрема). Прегледот за приклучување на
различните видови на всисувачи за прашина ќе го
најдете на крајот од ова упатство. Всисувачот за прав
мора да е соодветен на материјалот на парчето што се
обработува.
При всисување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален всисувач.
Сопствено всисување (види слика C)
Кај поситните работи може да приклучите вреќичка за
прав/струготини (опрема) (16). Млазниците за
всисување зацврстете ги на исфрлувачот на струготини
(3). Празнете ја вреќичката за прав/струготини (16)
редовно, за да остане оптимално собирањето на прав.
Исфрлувач на струготини што може да се избере
(GHO 26-82 D)
Со рачката за поместување (6) може да се подеси
исфрлувачот на струготини (3) кон десно или лево.
Притиснете го лостот за селекција (6) додека не се
вклопи во крајна позиција. Избраниот правец ќе се
прикаже со ознака со стрелка на лостот за селекција (6).
Употреба
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Подесување на длабочината на стругање
Со вртливото копче (2) може да се подеси длабочината
на стругање бесстепено од 0 – 1,6 mm (GHO 16-82) или 0
– 2,6 mm (GHO 26-82 D) со помош на скала за длабочина
на стругање (1) (поделба на скалата = 0,1 mm).
Македонски | 129
1 609 92A 4LF | (05.11.2020)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières