Ставање Во Употреба - Bosch GBH 18V-26 D Professional Notice Originale

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 20
170 | Македонски
Со SDS-plus-алатот за вметнување може слободно да се
маневрира поради системот. Така, при празен од
настанува отстапување од кружниот тек. Ова нема
влијание на прецизноста на дупчењето на дупката,
бидејќи дупчалката сама се центрира при дупчењето.
Вадење на SDS-plus-алатот за вметнување (види слика
F)
– Турнете ја чаурата за заклучување (4) наназад и
извадете ја запчестата глава за дупчење.
Замена на алат (без SDS-plus)
Ставање на алатот за вметнување (види слика G)
Напомена: Не користете алати без SDS-plus за ударно
дупчење или длетување! Алатите без SDS-plus и главата
за дупчење што ја користите ќе се оштетат при ударното
дупчење или длетување.
– Вметнете запчеста глава за дупчење (19) (види
„Вметнување/вадење на запчестата глава (види слика
D)", Страница 169).
– Со вртење отворете ја запчестата глава за дупчење
(19), додека не се отвори за да може да вметне алатот.
Вметнете го алатот.
– Клучот за затегнување на главата за дупчење (21)
ставете го во соодветните отвори на запчестата глава
за дупчење (19) и рамномерно затегнете го алатот.
– Свртете го прекинувачот за запирање на удари/
вртежи (12) во позиција „Дупчење".
Вадење на алатот за вметнување (види слика H)
– Свртете ја чаурата на запчестата глава за дупчење
(19) со помош на клучот за затегање на главата за
дупчење во правец спротивен на стрелките на
часовникот, додека не се извади алатот за
вметнување.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
1 609 92A 4F0 | (05.11.2018)
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
Вметнување на батеријата
Користете само оригинални Bosch литиум-јонски
u
батерии со напон кој е наведен на
спецификационата плочка на Вашиот електричниот
алат. Користењето друг вид батерии може да доведе
до повреди и опасност од пожар.
– Прекинувачот за правец на вртење (5) поставете го во
средната позиција, за да го заштитите електричниот
алат од невнимателно вклучување.
– Наполнетата батерија (8) притиснете ја од напред
навнатре во подножјето на електричниот алат.
Целосно притиснете ја батеријата во подножјето,
додека не се заклучи.
Подесување на режимот на работа
Со прекинувачот за запирање на удари/вртежи (12)
изберете го начинот на работа на електричниот алат.
Напомена: Променете го режимот на работа само
доколку електричниот алат е исклучен! Инаку
електричниот алат може да се оштети.
– За да го промените начинот на работа, притиснете го
копчето за отклучување (11) и свртете го
прекинувачот за запирање на удари/вртежи (12) во
саканата позиција додека не слушнете дека се
вклопил.
Позиција за ударно дупчење во бетон или
камен
Позиција за дупчење без удари во дрво,
метал, керамика и пластика како и за
завртување
Позиција Vario-Lock за подесување на
позицијата на длетото.
Во оваа позиција, прекинувачот за запирање
на удари/вртежи (12) не се вклопува.
Позиција за Длетување
Поставете го правецот на вртење
Прекинувачот за менување на правецот на
u
вртење (5) активирајте го само кога електричниот
алат е во празен од.
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (5)
може да го промените правецот на вртење на
електричниот алат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување (7) е притиснат ова не е
возможно.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières