Télécharger Imprimer la page

Bosch EasyInflate 18V-500 Notice Originale page 108

Publicité

108 | Македонски
Внимавајте на напомените за отстранување.
Монтажа и употреба
Во зависност од вашите потреби, можете да го користите
адаптерот за млазница (8) со или без продолжување на
цревото (4).
За надувување на предмети монтирајте го цревото (4) и/
или адаптерот за млазницата (8) на излезот за воздух (3),
за всисување на предмети во влезот за воздух (2).
Ставете го цревото (4) во влезот за воздух (2) или на
излезот за воздух (3) и вртете го во правец на стрелките
на часовникот до крај.
Изберете го адаптерот за млазницата што одговара на
вентилот на предметот (8). Ставете го адаптерот за
млазницата, во зависност од потребата, во влезот за
воздух (2), на излезот за воздух (3) или на монтираното
црево (4) и вртете го во правец на стрелките на
часовникот до крај.
Доколку има, извадете го затворачот за вентилот на
предметот што треба да се надува.
За демонтирање на цревото (4) или адаптерот за
млазницата (8) вртете го во правец спротивен од
стрелките на часовникот и отстранете го.
Ставање во употреба
Вклучување/исклучување
Кога надувувате предмети, внимавајте влезот за
воздухот (2) да не е покриен и да не се всисуваат страни
тела.
Кога испуштате воздух од предмети, проверете дали
излезот за воздух (3) не е насочен кон луѓе или животни.
За вклучување на воздушната пумпа, притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (6) во
позиција On. Воздушната пумпа всисува воздух преку
влезот за воздух (2) и го испушта преку излезот за
воздух (3).
Редовно проверувајте го притисокот врз предметот што
треба да се надува или да се испушти воздухот. Исклучете
ја воздушната пумпа кога ќе се достигне саканиот
притисок.
За исклучување на воздушната пумпа, притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (6) во
позиција Off.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Отстранете ја акумулаторската батерија од
u
воздушната пумпа пред работењето на воздушната
пумпа (на пр. одржување, промена на алат, итн.) и
при нејзин транспорт и складирање. При
невнимателно притискање на прекинувачот за
вклучување/исклучување постои опасност од
повреди.
1 609 92A 7YW | (30.11.2022)
Одржувајте ја чистотата на воздушната пумпа и
u
отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Д.П.Т.У "РОЈКА"
Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
Е-пошта: servisrojka@yahoo.com
Тел: +389 2 3174-303
Моб: +389 70 388-520, -530
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете
под:
www.bosch-pt.com/serviceaddresses
Транспорт
Препорачаните литиум-јонски батерии подлежат на
барањата на Законот за опасни материјали. Батериите
може да се транспортираат само од страна на
корисникот, без потреба од дополнителни
квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр.
воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се
внимава на специјалните напомени на амбалажата и
ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката
мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е
неоштетено. Залепете ги отворените контакти и
спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се
движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на
евентуалните дополнителни национални прописи.
Отстранување
Воздушните пумпи, батериите, опремата и
амбалажите треба да се отстранат на
еколошки прифатлив начин.
Bosch Power Tools

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

3 603 j47 200