Samsung NK36M5070FS/UR Instructions Pour L'installation Et Mode D'emploi page 57

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 22
Купување на јаглен филтер
Јаглениот филтер може да се купи на веб-страната на Сервис Службата или во
Сервис Центарот на Samsung. Посочете ги информациите кои се прикажани на
последната страница од овој прирачник.
Светилки за замена и/или контролна опрема
Аспираторот е опремен со систем за осветлување базиран на технологијата на
LED диода.
LED светилките гарантираат оптимално осветлување, имаат околу 10 пати подолг
век од традиционалните светилки и овозможуваат заштеда на електрична
енергија и до 90%.
За нивната замена обратете се на службата за техничка поддршка.
Функционирање
T1. Вклучување/исклучување на моторот за всмукување:
При вклучен аспиратор во која било брзина со притискање на копчето T1
аспираторот се исклучува.
При исклучен аспиратор, со притискање на копчето T1 аспираторот се
вклучува во прва брзина.
T2. Намалување на брзината
Со притискање на копчето "T2" се постигнува намалување на брзината, од 4-
та брзина (интензивна) во 1-ва брзина.
Со притискање на копчето "T2" за време на работење во 1-ва брзина,
аспираторот се исклучува.
T3. Зголемување на брзината
Со притискање на копчето T3 аспираторот преминува од исклучена состојба
во 1-ва брзина.
Со притискање на копчето (при вклучен аспиратор) се зголемува брзината на
моторот од 1-ва брзина во интензивна брзина (временски утврдена).
1-ва брзина запалена сијаличка L1
2-ра брзина запалена сијаличка L2
3-та брзина запалена сијаличка L3
Интензивна брзина (временски утврдена) запалена сијаличка L4
Забелешка: 4-тата брзина (интензивна, временски утврдена) останува во
функција 5 минути, а потоа аспираторот автоматски ја става 2-ра брзина
T4. Временско утврдување на брзината
Временското утврдување на брзините се прави со притискање на копчето T4,
а по изминување на времето аспираторот се исклучува.
Временското утврдување е поделено на следниов начин:
1-ва брзина - 20 минути (свети сијаличката L1)
2-ра брзина - 15 минути (свети сијаличката L2)
3-та брзина - 10 минути (свети сијаличката L3)
Интензивна брзина - 5 минути (свети сијаличката L4)
За време на временски утврденото функционирање, со притискање на
копчето T2 аспираторот излегува од темпираниот режим и ја намалува
брзината.
Со притискање на копчето T3 аспираторот излегува од темпираниот режим и
ја зголемува брзината.
Со притискање на копчето T4 аспираторот излегува од темпираниот режим
одржувајќи ја поставената брзина.
T5. Вклучување/исклучување на светлото
Копче за контрола и конфигурирање на сигнализирањето за заситеност на
филтрите:
Сигнализирање за филтерот за масти
По 40 работни часа засветува сијаличката L1.
Кога ќе се појави тој сигнал извршете одржување на филтерот за масти.
За да го ресетирате сигнализирањето држете го притиснато копчето T5 5 секунди.
(при вклучен аспиратор).
Аспираторот ќе испушти звучен сигнал „БИП" а сијаличката L1 ќе престане да
свети.
Сигнализирање за филтерот со јаглен
По 160 работни часа засветува сијаличката L2.
Кога ќе се појави тој сигнал извршете одржување на филтерот со јаглен.
За да го ресетирате сигнализирањето држете го притиснато копчето T5 5 секунди.
(при вклучен аспиратор).
Аспираторот ќе испушти звучен сигнал „БИП" а сијаличката L2 ќе престане да
свети.
Во случај на истовремено сигнализирање на двата филтри, сијаличките L1 и L2 ќе
светат наизменично.
Ресетирањето ќе се направи со вршење на гореопишаната процедура двапати.
Првиот пат ќе се ресетира сигнализирањето за филтерот со јаглен а вториот пат
ќе се ресетира сигнализирањето за филтерот за масти.
Во стандардната форма, сигнализирањето за филтерот со јаглен не е активно.
Во случај ако аспираторот се користи во варијанта со филтрирање потребно е да
се оспособи сигнализирањето за филтерот со јаглен.
Активирање на сигнализирањето за филтерот со јаглен:
Исклучете го аспираторот и држете го притиснато копчето T5 5 секунди.
Штом се притисне копчето засветуваат сијаличките за сигнализирање за
филтрите кои што се активни во моментот.
Аспираторот ќе испушти звучен сигнал „БИП" а сијаличката L2 ќе засвети 2
секунди.
Сијаличките L1 и L2 ќе останат запалени околу 2 секунди пред да се исклучи
аспираторот.
Деактивирање на сигнализирањето за филтерот со јаглен:
Исклучете го аспираторот и држете го притиснато копчето T5 5 секунди.
Штом се притисне копчето засветуваат сијаличките за сигнализирање за
филтрите кои што се активни во моментот.
Аспираторот ќе испушти звучен сигнал „БИП" а сијаличката L2 ќе се изгаси.
Сијаличката L1 ќе остане запалена околу 2 секунди пред да се исклучи
аспираторот.
57

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Nk36m5070cs/urNk24m5070fs/urNk24m5070cs/ur

Table des Matières