МАКЕДОНСКИ (Оригинални упатства)
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Овој уред може да се користи од страна на
деца на возраст од 8 години или постари,
и лица со намалени физички, сетилни или
ментални капацитети, или без доволно искуство
и познавање ако се под надзор или им се
даваат упатства за користење на уредот на
безбеден начин и ги разбираат вклучените
ризици. Децата не смеат да си играат со уредот.
Чистењето и одржувањето од корисникот
не смеат да се вршат од страна на деца без
надзор.
Симболи
Долунаведените ги прикажуваат симболите што
може да се користат кај опремата. Пред употребата,
проверете дали го разбирате нивното значење.
Само за употреба во затворен простор.
Прочитајте го упатството за користење.
ДВОЈНА ИЗОЛАЦИЈА
Не преспојувајте ја батеријата.
Не изложувајте ја батеријата на вода
или дожд.
Не уништувајте ја батеријата во оган.
Секогаш рециклирајте ја батеријата.
Li-ion
100 МАКЕДОНСКИ
Само за земјите на ЕУ
Не фрлајте ја електричната опрема
или батеријата заедно со домашниот
отпад! Земајќи ги предвид европските
директиви за отпадна електрична и
електронска опрема и за батерии,
акумулатори и отпадни батерии и
акумулатори и нивното спроведување
во согласност со националните закони,
електричната опрема и батериите на
крајот на нивниот работен век мора да
се собираат одделно и да се вратат во
еколошки објект за рециклирање.
Подготвено за полнење.
Одложи полнење (ладење на
батеријата, преладна батерија или се
чека да се наполни).
Полнење (0 - 80 %).
Полнење (80 - 100 %).
Полнењето заврши.
Полнење (аномалија во ладењето).
Дефектна батерија.