Сигнализација на работењето:
антилегионелна програма:
програмата е вклучена – прикажано е контролното поле 17
програмата е исклучена – не е прикажано контролното поле 17
електрични грејачи:
грејачите се вклучени – прикажано е контролното поле 14
грејачите се исклучени – не е прикажано контролното поле 14
топлинска пумпа:
топлинската пумпа загрева вода – прикажано е контролното поле 16
топлинската пумпа не загрева вода – не е прикажано контролното поле 16
вклучување/исклучување:
топлинската пумпа е вклучена – освен полето 9 на екранот се видливи и
другите полиња
топлинската пумпа е исклучена – на екранот е видливо само полето 9
одмрзнување:
топлинската пумпа е во режим на одмрзнување – прикажано е контролното
поле 19
топлинската пумпа не е во режим на одмрзнување – не е прикажано
контролното поле 19
вклучување/исклучување на вентилаторот:
вентилаторот работи – прикажано е контролното поле 20
вентилаторот не работи – не е прикажано контролното поле 20
вклучување на алтернативни извори– електрични грејачи: (поле 2)
вклучување на извор електричен грејач – прикажано е контролното поле 14
полињата 1 и 3 не се активни кај тие изведби на топлинската пумпа
ОДРЖУВАЊЕ И СЕРВИСИРАЊЕ
При правилно поставување и правилна употреба на топлинската пумпа, истата
ќе работи повеќе години без сервисирање.
Надворешноста на топлинската пумпа чистете ја со благ раствор на прашок за
перење. Не употребувајте разредувачи и груби средства за чистење.
Дококлу топлинската пумпа била изложена на прашина, можно е и да се затнат
ламелите на испарувачот, што лошо влијае на нејзиното работење. Во тој
случај треба е да се исчисти испарувачот. Чистењето на испарувачот мора да
го изведе овластен сервисер.
Со редовни сервисни прегледи ќе овозможите непречно работење и долг
работен век на топлинската пумпа. Гаранцијата за производот важи согласно
условите од гарантната изјава.
Пред пријавата на евентуални грешки, проверете го следново:
Дали е сѐ во ред со доводот на електрична енергија?
Дали има пречки во воздухот што се употребува?
Дали температурата на околината е премногу ниска?
Дали се слуша работењето на компресорот и на вентилаторот?
Пад на притисокот во системот на цевки
Евентуалните дефекти на топлинската пумпа не треба да ги поправате
сами, туку за тоа да ја известите најблиската овластена сервисна служба.
149