Со притисок на полето + или – изберете меѓу трите комбинации на временски
начин на работа:
- временски начин на работа на топлинската пумпа за цела седмица (во
полето 7 трепкаат бројките од 1 до 7),
- временски начин на работа за период од понеделник до петок и од сабота до
недела (во полето 7 трепкаат бројките од 1 до 5 и по тоа бројките 6 и 7),
- временски начин на работа за секој ден посебно (во полето 7 трепкаат
поединечни бројки од 1 до 7).
За нагодување на времето, притиснете го полето 12.
На полето 5 се прикажува испишано 1OF, полето 12 трепка.
Со притисок на полето + или – го нагодувате времето на исклучување на
топлинската пумпа.
Повторно притиснете на полето 12.
На полето 5 се покажува напишано 1ON, полето 12 трепка.
Со притисок на полето + или – го нагодувате времето на вклучување на
топлинската пумпа.
Со повторно притискање на полето 12, според горната постапка можете да ги
нагодите и вториот и третиот период.
Со повторно притискање на полето 12, односно кога полето 6 прекинува да
трепка, нагодениот број на денови се зачувува. Повторно притиснете на
полето 12.
b) Вклучување и исклучување на часовникот
Со притисок на полето 11, вклучете го нагодениот временски начин на работа.
Топлинската пумпа ја загрева водат во периодите ON (во однос на нагодената
температура), а во периодите OFF водата не се загрева.
Со повторно притискање на полето 11, исклучете го временскиот начин на
работа.
Функција на антилегионел
Работи само кога е вклучена топлинската пумпа. Кога е активирана, прикажан
е симболот 17.
Автоматско вклучување: на секои 14 дена работење на топлинската пумпа,
ако во изминатиот 14-дневен период температурата на водата барем 1 час
непрекинато надминала 65 °C.
Антилегионелната програма можете да ја вклучите рачно со притисок на
полето 15 (загревање на водата на температура од 75 °C)
148
Слика 12: Временски периоди