притиснете го полето 13 (вклучување на "TURBO" работење). Истовремено
работат и топлинската пумпа и електричниот грејач. На екранот се прикажани
симболите 14, 16 и 20. Кога температурата ќе достигне 55 °C, пумпата се
враќа во начин на работа кој го имала пред вклучувањето на "TURBO"
начинот на работа.
Вклучување на начинот на работа "HOT"
Ако сакате водата да ја загреете на максимална температура од 75 °C, на
екранот притиснете го полето 15. Топлинската пумпа ќе ја загрее водата до
55 °C. На екранот се прикажани симболите 16 и 20. Кога температурата во
котелот ќе достигне 55 °C, се вклучува електричниот грејач кој ќе ја загрее
водата до 75 °C. На екранот е прикажан симболот 14. Кога температурата ќе
достигне 75 °C, пумпата се враќа во начин на работа кој го имала пред
вклучувањето на "HOT" начинот на работа.
Приказ на содржината на топла вода во топлинската пумпа
На мониторот се појавува симболот:
Подесување на начинот на работење одмор
Во начинот на работење одмор нагодете го бројот на денови (најмногу 100),
кога топлинската пумпа би ја одржувала минималната температура на водата
(приближно 10 °C).
За подолго време, притиснете на полето 6 (полињата 5 и 6 почнуваат да
трепкаат).
Со притисок на полето + или – нагодете го бројот на денови на одморот, кои
се прикажани во полето 5.
Со повторно притискање на полето 6, односно кога полето 6 прекинува да
трепка нагодениот број на денови се зачувува.
Ако ја нагодите вредноста на 000, по потврдувањето на нагодувањето на
топлинската пумпа, истата преминува во нормален начин на работа, а
осветлувањето на полето 6 се гасне.
По изминувањето на нагодениот број денови, топлинската пумпа преминува
во претходно поставениот начин на работа, а осветлувањето на полето 6 се
гасне.
Подесување на временскиот начин на работење
Во временскиот начин на работење подесете го времето на вклучувањата и
исклучувањата на греење вода. За секоја комбинација на временскиот период
може да се подесат до три временски периоди во кои греалката нема да ја грее
водата.
a) Нагодување на временскиот период
За подолго време, притиснете на полето 11 (полињата 7 и 11 започнуваат да
трепкаат).
- нема топла вода
- помало количество топла вода
- поголемо количество топла вода
147