Кога апаратот започнува со работа, најпрво се вклучува вентилаторот, кој
работи 1 минута (прикажан е симболот 20). Ако температурата на влезниот
воздух е примерна, контролната единица го вклучува уште компресорот и
топлинската пумпа работи во нормален режим (прикажани се симболите 16 и
20). Топлинската пумпа е вклучена, екранот не е осветлен и не е активен.
За време од 60 секунди по последниот притисок каде било на екранот,
осветлувањето и активноста на екранот се исклучуваат, што не влијае на
работењето на топлинката пумпа. Со првиот притисок каде било на екранот,
екранот повторно се активира и се осветлува.
Во случај на обид на вклучување при пониски температури, погледнете го
поглавјето "Работа при пониски темпратури".
Со подолг притисок на полето 9, топлинската пумпа ја исклучувате. Апаратот
не работи, а на екранот е видно само полето 9. (Доколку топлинската пумпа ја
исклучувате за подолго време поради опасност од замрзнување, морате да ја
источите водата од неа).
Заштита од пад на електрична енергија
Во случај на пад на електричната енергија, податоците за нагодувањата
остануваат запаметени 23 часа.
При повторното вклучување, топлинската пумпа работи во ист режим како и
пред прекинувањето на напојувањето.
Работа при пониски температури
a) изведба ZNT
При вклучувањето на апаратот, најпрво се вклучува вентилаторот и истиот
работи 1 минута (прикажан е симбол 20). Ако температурата на влезниот воздух
е пониска од -7 °C, вентилаторот се исклучува. За загревање на санитарната
вода се вклучуваат грејачите. Топлинската пумпа работи во резервен режим
(прикажан е симболот 14). Можноста за приклучување во нормален режим на
работа се проверува на секои 2h со 1 min. вклучување на вентилаторот. Ако
температурата на влезниот воздух е повисока од -7 °C, топлинската пумпа се
префрла во нормален режим на работа (прикажани се симболите 16 и 20).
Грејачите се исклучуваат. Топлинската пумпа е вклучена, екранот не е осветлен
и не е активен.
При пониски температури на воздухот, по потреба, се активира циклус на
одмрзнување на испарувачот. На екранот се вклучува симболот 19. Полињата
2, 4, 6, 11, 13 и 15 не се активни. Одмрзнувањето трае додека не се достигнат
условите за нормално работење на топлинската пумпа.
По успешното одмрзнување, топлинската пумпа се враќа во нормална работа.
(Прикажани се симболите 16 и 20).
Ако по 2 последователни обида одмрзнувањето не е успешно, контролната
единица јавува грешка. Полето 4 на екранот започнува да трепка, а се слуша и
звучен сигнал за предупредување. Со притисок на полето 4 се исклучува
звучниот сигнал за предупредување. Во полето 12 се испишува шифрата на
грешката E247 и автоматски се извршува приклучување на загревањето со
електрични грејачи. На екранот се покажува симболот 14. Шифрата на грешката
145