Télécharger Imprimer la page

Gorenje TC 80 ZNT Notice D'utilisation page 142

Masquer les pouces Voir aussi pour TC 80 ZNT:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 52
ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА
Доводот и одводот на вода на цевките на топлинската пумпа се означени со
различни бои. Доводот на ладна вода е означен со сино, а одводот на топла со
црвено. Топлинската пумпа можете да ја приклучите на домашната водоводна
мрежа без редукциски вентил, ако притисокот во мрежата е понизок од 0,6 MPa (6
bar). Во спротивно, треба да се вгради редукциски вентил, кој овозможува
притисокот на дотокот во топлинската пумпа да не го надминува номиналниот.
На доточната цевка, заради безбедноста на работењето, задолжително треба да
се вгради безбедносен вентил кој ќе го препречи повишувањето на притисокот во
котелот за повеќе од 0,1 MPa (1 bar) над номиналниот. Истечната славина на
безбедносниот вентил мора да има излез на атмосферски притисок. За правилно
работење на безбедносниот вентил, морате самите редовно да извршувате
контрола за да се отстрани водниот камен и да не се блокира безбедносниот
вентил.
При проверката, со поместување на рачката или одвртување на матицата на
вентилот (зависно од типот на вентилот), отворете го истекот од безбедносниот
вентил. При тоа мора да протече вода низ истечната славина на вентилот, а тоа
значи дека вентилот е исправен.
При загревањето на водата, притисокот на водата во топлинската пумпа се
повишува до границата поставена со безбедносниот вентил. Бидејќи враќањето
на водата назад во водоводната мрежа е попречено, може да дојде до капење на
водата од истечниот отвор на безбедносниот вентил. Водата што капе можете да
ја изведете во одвод преку ловечка наставка, која е поставена под безбедносниот
вентил. Истечната цевка поставена под испустот на безбедносниот вентил мора
да биде поставена во насока право надолу и во околина каде нема да замрзнува.
Во случај да немате можност, заради несоодветна инсталација, водата што капе
од безбедносниот вентил да ја изведете во одводот, капењето можете да го
избегнете со вградување на соодветен експанзионен сад на доточната цевка на
топлинската пумпа. Волуменот на експанзиониот сад нека е приближно 3 % од
волуменот на резервоарот.
1
2
3
4
Слика 7: Затворен систем (со притисок)
Легенда:
1 - Батерија за мешање
2 - Експанзиски сад
3 - Сигурносен вентил
a - Пробен вентил
b - Неповратен вентил
4 - Одливник со приклучок на одвод
5 - Пробна наставка
142
a
b
5
6
6 - Редуционен вентил за притисок
7 - Затворен вентил
8 - Неповратен вентил
9 - Проточна батерија за мешање
H - Ладна вода
T - Топла вода
7
Слика 8: Отворен систем (прелевен)
9
8
7

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

Tc 80 zTc 100 zTc 100 zntTc 120 zTc 120 znt