Télécharger Imprimer la page

Gorenje TC 80 ZNT Notice D'utilisation page 136

Masquer les pouces Voir aussi pour TC 80 ZNT:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 52
ПОДРАЧЈЕ НА УПОТРЕБА
Овој апарат е наменет за подготовка на топла санитарна вода во
домаќинството и кај другите потрошувачи, каде што дневната потрошувачка на
топла вода (40 °C) не надминува од 150 дo 250 l. Апаратот мора да биде
приклучен на домашното напојување на санитарна топла вода, а за своето
работење користи електрично напојување. Зафаќањето и издувувањето на
воздухот може да биде изведено и со зафаќање, односно издувување на воздух
од другите простори.
Доколку апаратот го вградите во простор каде што има када за капење или туш,
треба е да се почитуваат барањата на стандардот IEC 60364-7-701 (VDE 0100,
Teil 701). На ѕидот можете да го прицврстите само исправено со ѕидни
шрафови со номинален пречник од најмалку 8 mm. Ако носивоста на ѕидот е
слаба, морате да ја зајакнете соодветно на местото каде што ќе го закачите.
Заради
полесна
контрола
и
замена
на
магнезиумовите
аноди,
ви
препорачуваме помеѓу апаратот и подот да оставите доволно простор (Слика
4). Во спротивно, во случај на сервис ќе биде потребно апаратот да се
демонтира од ѕидот.
Поинаква употреба на апаратот од наведената во упатствата не е дозволена.
Апаратот не е наменет за индустриска употреба и употреба во простории каде
што има корозивни и експлозивни материи.
Произведувачот не одговара за штетите што настанале заради несоодветно
вградување или несоодветна употреба, која не е во согласност со упатствата за
монтажа и употреба.
Упатствата за употреба се составен и значаен дел од производот и мораат да
му бидат врачени на купувачот. Внимателно прочитајте ги предупредувањата
во упатствата, бидејќи во нив се наведени значајни упатства кои се однесуваат
на безбедноста при инсталацијата, употребата и одржувањето.
Упатствата зачувајте ги за евентуална употреба подоцна.
Ознаката на вашата топлинска пумпа е наведена на плочката со напис, која се
наоѓа на долниот дел од апаратот помеѓу приклучните цевки со санитарна вода.
Кога ќе ја отстраните амбалажата, прегледајте ја содржината. Во случај да се
сомневате во нешто, обратете се кај добавувачот. Елементите од амбалажата
(стегачи, пластични ќеси, експандиран полистирол итн.) не оставајте ги на
дофат на деца, бидејќи се потенцијален извор на опасност и не оставајте ги
каде било во животната средина.
СКЛАДИРАЊЕ И ТРАНСПОРТ
Складирањето на топлинската пумпа мора да биде обезбедено во вертикална
положба, во сув и чист простор.
136

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

Tc 80 zTc 100 zTc 100 zntTc 120 zTc 120 znt