ПРЕДУПРЕДУВАЊА!
Апаратот можат да го употребуваат деца на возраст од 8 години и постари и
лица со намалени физички, психички или ментални способности или со
недостаток на искуства, односно знаење, доколку се под надзор или се поучени
за употреба на апаратот на безбеден начин и ги разбираат можните опасности.
Децата не смеат да си играат со апаратот.
Чистење и одржување на апаратот не смеат да го вршат деца без надзор.
Топлинската пумпа треба да биде транспортирана во вертикална положба,
а со исклучок таа може да биде поставена до 35° во сите насоки.
Топлинската пумпа не е наменета за индустриска употреба и употреба во
простории каде што се присутни корозивни и експлозивни материи.
Приклучувањето на топлинската пумпа на електричната мрежа мора да се
одвива во согласност со стандардите за електрично напојување. Помеѓу
топлинската пумпа и трајната инсталација мора да биде вградена подготовка за
разделување на сите полови од електричната мрежа во согласност со
националните прописи за инсталација.
Заради опасност од оштетување на агрегатот, топлинската пумпа не смее
да работи без вода во котелот!
Инсталацијата мора да биде изведена во согласност со важечките прописи
според упатствата на произведувачот. Инсталацијата мора да је изведе стручно
оспособен монтер.
Од одводниот отвор на безбедносниот вентил може да капи вода. Заради
тоа, одводниот отвор мора да биде отворен на атмосферски притисок.
За правилно работење на безбедносниот вентил, морате самите да
изведувате редовни контроли со кои ќе го отстраните водниот камен и ќе
проверите дека безбедносниот вентил не е блокиран.
Водата од пумпата се празни преку доточната цевка на котелот. За таа цел,
се препорачува помеѓу безбедносниот вентил и доточната цевка да се намести
посебен член или испустен вентил.
На доточната цевка од топлинската пумпа задолжително треба да се вгради
безбедносен вентил со номинален притисок од 0,6 MPa (6 bar), кој ќе го спречи
повишувањето на притисокот во котелот за повеќе од 0,1 MPa (1 bar) над
номиналниот.
Помеѓу топлинската пумпа и безбедносниот вентил не смеете да вградите
вентил за затворање, бидејќи со тоа ќе го оневозможите работењето на
безбедносниот вентил!
Испустот на безбедносниот вентил мора да биде насочен во насока надолу
и на простор каде што нема да замрзнува.
Пред активирањето, на капата на уредот треба задолжително да се
наместат две колена на положба од 90° (125 мм), и истите да бидат насочени
секое на своја страна. Просторијата треба да биде соодветно проветрена.
Елементите во електронската контролна единица се под напон и по
притиснувањето на полето за исклучување (9) на топлинската пумпа.
Доколку топлинската пумпа ја исклучите од мрежата, заради опасност од
замрзнување, потребно е од неа да ја испразните водата.
Евентуалните дефекти на топлинската пумпа не треба да ги поправате
сами, туку за тоа да ја известите најблиската овластена сервисна служба.
134