Hach HT 200 S Manuel D'utilisation De Base page 280

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 39
И З В Е С Т У В А Њ Е
Користете само заземјен штекер за поврзување на овој уред во струја.
Доколку не сте сигурни дали штекерот е заземјен, нека го провери
квалификуван електричар.
Приклучокот за струја служи како надополнување на снабдувањето со струја
за брзо да го изолира уредот од струја кога е потребно.
Ова се препорачува за складирањето на долг рок и може да ги спречи
потенцијалните опасности во случај на грешка.
Затоа, проверете дали штекерот во кој е поврзан уредот е лесно достапен за
сите корисници во секое време.
1.
Кабелот за напојување се поврзува во задниот дел од
термостатот со заземјен штекер (230 волти +5 %/-15 %/50 Hz).
2.
Вклучете го инструментот со притиснување на прекинувачот на
неговата задна страна.
Забелешка: Немојте да го исклучувате и вклучувате уредот на
брзи интервали. Почекајте приближно 20 секунди пред повторно
да го вклучите уредот за да не ја оштетите електрониката
и механиката на инструментот.
Македонски 280
Преглед на производот
Содржина на производот
Проверете дали нарачката е целосна. Доколку нешто недостасува
или е оштетено, веднаш контактирајте со производителот.
Следните компоненти се вклучени во стандардната испорака со
термостатот:
Термостат за висока температура HT 200 S
Помошник за отстранување за долгнавест адаптер
Долгнавест адаптер 20/13 mm (12 x)
Кабел за напојување
Упатство за користење
Забелешка: Доколку некој од овие елементи недостасува или
е оштетен, веднаш обратете се на производителот или на
одговорниот претставник за продажба.
Термостатот за висока температура HT 200 S со HSD (high-speed
digestion - разградување со голема брзина) технологија ги
исполнува сите технички барања и безбедносни прописи за брзо
и ефикасно разградување.
Термостатот за висока температура HT 200 S има дванаесет оддели
за разградување за кружни кивети и цевки за реакција.
И З В Е С Т У В А Њ Е
Примероците во кружните кивети од 13-mm (LCK) не смеат да се
разградуваат доколку не се користи придружниот адаптер! Адаптерот се
отстранува од термостатот со помош на алатот за отстранување; погледнете
ја сликата 1.

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières