И З В Е С Т У В А Њ Е
Заштитете го инструментот од екстремните температури од греалките,
директната сончева светлина и другите извори на топлина.
•
Релативната влажност треба да изнесува помалку од 80 %;
влагата не треба да се кондензира на инструментот.
•
Оставете најмалку 15 cm простор над инструментот и од
неговите страни за да дозволите циркулирање на воздухот
и да спречите прегревање на електричните делови.
•
Немојте да го користите или складирате уредот на екстремно
правливи, влажни или мокри места.
Хемиска и биолошка безбедност
О П А С Н О С Т
Потенцијална опасност при контакт со хемиски/биолошки супстанци.
Работењето со хемиски примероци, стандарди и реагенси може да биде
опасно. Запознајте се со основните безбедносни процедури и правилното
ракување на хемикалиите пред да работите со уредот и прочитајте ги и
следете ги сите релевантни безбедносни информации.
Нормалното работење со овој инструмент може да вклучува
користење на опасни хемикалии или биолошки штетни примероци.
•
Пред да ракувате со овие супстанци, разгледајте ги сите
забелешки за опасностите и безбедносните информации
испечатени на контејнерите на оригиналните раствори и листот
со безбедносни податоци.
•
Фрлете ги сите искористени раствори во согласност со
националните прописи и закони.
•
Изберете го типот на заштитна опрема во согласност со
концентрацијата и квантитетот на опасната супстанца на
соодветното работно место.
Започнување
П Р Е Д У П Р Е Д У В А Њ Е
Инструментот не смее да се користи во опасни опкружувања.
Производителот и неговите снабдувачи се оградуваат од каква било јасна
или индиректна одговорност во однос на активностите со висок ризик.
И З В Е С Т У В А Њ Е
Секое користење кое е спротивно во однос на барањата дефинирани во
упатството за користење води до губење на правото на побарувања од
гаранцијата и може да доведе до лична повреда и оштетување на имотот,
за што производителот не презема никаква одговорност.
Струјни приклучоци
П Р Е Д У П Р Е Д У В А Њ Е
Опасност од струен удар или пожар.
Користете го само испорачаниот кабел за напојување.
Само квалификувани експерти може да ги извршуваат задачите опишани
во овој дел од упатството, придржувајќи се до сите важечки локални
безбедносни прописи.
Македонски 279