MK
За упатството
„ Прочитајте го целото упатство пред да ја
пуштите косилката во работа. Тоа е предуслов
за сигурно работење и за ракување без пречки.
„ Придржувајте се кон советите за безбедност
и за предупредување, наведени во
документацијата, како и на апаратот.
„ Оваа документација се траен составен дел
на опишаниот производ и при евентуално
отуѓување треба да му се предаде на новиот
сопственик.
Објаснување на знаците
Внимание!
Следењето на овие совети за
предупредување може да спречи телесна
повреда или материјална штета.
Специјални совети за подобро разбирање и
ракување.
Симболот на фотоапарат укажува на слики.
Содржина
За упатството ........................................................... 214
Опис на производот ................................................. 214
Монтажа.................................................................... 217
Ракување .................................................................. 217
Чување...................................................................... 219
Поправка................................................................... 219
Помош при пречки ................................................... 220
Гаранција .................................................................. 221
Отстранување .......................................................... 221
214
Опис на производот
Во оваа документација се опишани електрични
косилки со кош за зафаќање на тревата. Некои
модели дополнително имаат опција за расфрлување
на искосената трева.
Идентификувајте го својот модел преку сликите на
производите и на описот на разните опции.
Прописна примена
Овој апарат е предвиден за косење на приватни
тревни површини и смее да се користи само на суви
тревници.
Секаква друга примена се смета за непрописна.
Можна погрешна примена
„ Оваа косилка за трева не треба да се применува
во јавни зеленила, паркови, спортски објекти,
како и во земјоделството и во шумарството.
„ Постојните безбедносни уреди не смеат да се
демонтираат или да се премостуваат, на пр.со
заврзување на безбедносниот држач на рачката
од косилката
„ Не користете го апаратот при дожд и/или на
мокар тревник
„ Апаратот не смее да се користи во комерцијални
цели
Безбедносни и заштитни уреди
Внимание - Опасност од повреда!
Безбедносните и заштитните уреди не смеат
да се исклучуваат!
Безбедносен држач / безбедносна рачка
Зависно од изведбата, апаратот е опремен со
безбедносен држач или безбедносна рачка.
Во момент на опасност само отпуштете ги држачот
или рачката. Моторот и ножевите се запираат.
Ударна клапна
Ударната клапна штити од делови што излетуваат.
Превод на оригиналното упатство за работа
Електрична косилка за трева