Alpina CS 40 Li Manuel D'utilisation page 313

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 219
• Носете заштитни очила и акустична
заштита. Се препорачува носење
и друга заштита на главата, рацете
и стапалата. Носењето соодветна
заштитна облека ги намалува повредите
на телото што се предизвикани од
иверките што се разлетуваат при
случаен контакт со назабената пила.
• Не користете ја пилата со синџир
качени на дрво. Работа со пилата со
синџир додека сте качени на дрво може
да предизвика телесни повреди.
• Одржувајте секогаш правилна точка
на потпора на нозете и вклучувајте ја
пилата со синџир само ако стоите на
стабилна, сигурна и рамна површина.
Лизгавите или нестабилни површини, како
што се скалите, може да предизвикаат
губење на рамнотежата или губење
контрола врз пилата со синџир.
• Кога се сече гранка што се наоѓа под
нивото, треба да се обрне внимание
на ризикот од контраудар. Кога
отпорот на структурата на дрвото ќе се
разлабави, гранката што се сече може
да го повреди операторот и / или да се
изгуби контролата врз пилата со синџир.
• Користете ја со исклучително
внимание кога се сечат грмушки и
млади честаци. Меките материјали може
да се заглават во назабениот синџир и
да се исфрлат во ваш правец и / или да
предизвикаат губење на рамнотежата.
• Транспортирајте ја пилата со синџир
за предната рачка кога е исклучена,
држејќи ја подалеку од телото. Кога
се транспортира или се одложува,
пилата треба секогаш да се става
со заштита за лостот за водење.
Правилно ракување со пилата со синџир
ја намалува можноста за случаен контакт
со назабениот синџир во движење.
• Придржувајте се до соодветните
упатства за подмачкување, за
затегнување на синџирот и за
резервните делови. Синџир чие
затегнување и подмачкување не
се правилни може да се скине што
придонесува до ризик од контраудар.
• Одржувајте ги рачките суви, чисти
и без траги од масло или масти.
Замастените или мрсни рачки се лизгави
и предизвикуваат губење на контролата.
• Сечете единствено дрво. Не користете
ја пилата со синџир за употреби
што не се предвидени. Не користете
ја пилата за сечење пластични
материјали, материјали за градба
или материјали што не направени
од дрво. Користењето на синџирот
за други работи што не се предвидени
може да доведе до опасни ситуации.
Продолжена изложеност на
вибрации може да предизвика повреди
и невроваскуларни пореметувања
(познати и како „Рејнодов синдром"
или „бела рака") особено кај оние што
се изложени на циркуларни влијанија.
Симптомите може да се покажат на
рацете, на рачните зглобови или на
прстите и се манифестираат со губење
на осет, вкочанетост, чешање, болка,
обезбојување и структурални промени на
кожата. Овие ефекти може да се зголемат
со ниски надворешни температури и /
или од прекумерен притисок врз рачките.
При појава на овие симптоми, треба да
го намалите времето на користење на
машината и да се советувате со лекар.
• Неопходно е операторите со моторна
пила за кастрење кои работат на
висина да се служат со јаже и со
заштита за телото со ремени:
– никогаш да не работат сами,
– друг оператор да им помага од долу
кој исто така е обучен за процедурите
при дадени итни состојби,
– да имаат поминато општа обука за
оваа работа за техниките на безбедно
искачување и за позициите за работа,
– се безбедно врзани со ремени, јажиња,
рамни ремени со закопчани краеви, со
копчиња и други безбедносни уреди
коишто се препорачуваат или со каков
било друг систем којшто ќе спречи паѓање
на операторот и на моторната пила.
• По употреба на машината, пред да
ја вратите, извршете ги операциите
на чистење и одржување.
• Неправилното одржување, употреба на
несоодветни делови или изменувањето
на сигурносните уреди може да
предизвика оштетување на уредот и
сериозни последици на корисникот.
2.3 ПРИЧИНИ ЗА КОНТРАУДАР И
ЗАШТИТА ЗА ОПЕРАТОРОТ
Може да дојде до контраудар кога крајната
точка на лостот за водење ќе удри во предмет
или кога дрвото има кора што го спречува
назабениот синџир во процесот на сечење.
Контакт со крајните делови може во дадени
случаи да предизвика ненадејна повратна
реакција вртејќи го лостот за наведување
нагоре или наназад кон операторот.
MK - 4

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières