Bosch Professional GSS 140 A Notice Originale page 110

Masquer les pouces Voir aussi pour Professional GSS 140 A:
Table des Matières

Publicité

110 | Македонски
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Сопствено всисување со кутија за прав (види слики
B1–B4)
Ставете ја кутијата за прав (1) на млазниците за
издувување (9), додека не се вклопи.
За празнење на кутијата за прав  (1) притиснете на лостот
за фиксирање (10) од страната на кутијата за прав (➊).
Извлечете ја кутијата за прав надолу (➋).
Пред да ја отворите кутијата за прав (1) тропнете со неа
на цврста подлога, како што е прикажано на сликата, за
да ја отстраните правта од филтерот.
Фатете ја кутијата за прав (1) за вградената рачка,
преклопете го филтерот (11) нагоре и испразнете ја
кутијата за прав. Исчистете ги ламелите на филтерот (11)
со мека четка.
Надворешно всисување (види слика C)
Адаптерот за всисување (12) вметнете го на млазниците
за издувување (9). Внимавајте на тоа, да се вклопи
лостот за фиксирање на адаптерот за всисување. На
адаптерот за всисување (12) може да се приклучи црево
за всисување со дијаметар од 19 mm.
Прегледот за приклучување на различните видови на
всисувачи за прашина ќе го најдете на крајот од ова
упатство.
За демонтажа на адаптерот за всисување (12)
притиснете на односниот лост за фиксирање од задната
страна и извлечете го адаптерот за всисување.
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на честички прав кои се особено опасни
по здравје, канцерогени или суви, користете специјален
всисувач.
Употреба
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Вклучување/исклучување
Проверете дали можете да го притиснете
u
прекинувачот за вклучување/исклучување, без да
ја отпуштите рачката.
За вклучување на електричниот алат, навалете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (7) надесно
во позиција „I".
За исклучување на електричниот алат, навалете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (7) налево во
позиција „O".
1 609 92A 4JB | (19.07.2018)
Совети при работењето
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Почекајте додека електричниот алат сосема не
u
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Капацитетот на отстранување при брусењето во главно се
одредува преку изборот на брусен лист.
Само беспрекорните брусни листови може да придонесат
за добар капацитет на брусење и одржување на
електричниот алат.
Внимавајте на рамномерноста на притисокот, за да го
зголемите рокот на употреба на алатот што се бруси.
Прекумерното зголемување на притисокот врз
површината не води кон зголемен капацитет на брусење,
туку кон поголемо изабување на електричниот апарат и
брусниот лист.
Брусниот лист со кој сте обработувале метал, не го
користете за други материјали.
Користете само оригинална Bosch опрема за брусење.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел,
тогаш набавете го од Bosch или специјализирана
продавница за Bosch-електрични алати, за да го
избегнете загрозувањето на безбедноста.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières