Ставете една типла за бетон со раздвоен клин одн. ѕидна
типла 16. Завртете го брзозатегачкото вретено 17 во
типлата.
Ставете го сталакот за дупчалка како и една подлошка
и завртете ги со пеперутка-навртка 18. Затегнете ја
пеперутка-навртката по нивелирањето (види
„нивелирање") со вилушкаст клуч (ширина на клучот
27 mm).
Прицврстување со вакуум (опрема)
За прицврстување на сталакот за дупчалка со вакуум,
потребни Ви се обична вакуум пумпа и Bosch-вакуум сет
(опрема).
Вакуум пумпата мора да ги исполнува следните услови:
Волуменски проток:
Вакуум најмалку:
За прицврстување со вакуум, подлогата мора да биде
мазна и рамна. Поставување на малтер или ѕидни
конструкции не е дозволено.
Откако ќе ја воспоставите вакуумската врска, поставете ги
завртките за нивелирање 6 на подлогата, за да може
сталакот за дупчалка цврсто да се постави и малку да се
отпушти прстенот за дихтување. Инаку сталакот за
дупчалка нема добро да се прицврсти на прстенот за
дихтување.
Прочитајте ги упатствата за користење пред да ги
приклучите вакуум пумпата и Bosch-вакуум сетот.
Неопходно е да внимавате на безбедносните и
работните напомени за вакуум пумпата и Bosch-
вакуум сетот!
Нивелирање (не важи при прицврстување со вакуум)
Завртете ги одн. одвртете ги завртките за нивелирање 6
поединечно, додека не се израмни прецизно либелата 14
на дупчалката (при вертикална монтажа) одн. либелата 15
на дупчалката (при хоризонтална монтажа).
Сега прицврстете го сталакот за дупчалка со типлата.
Употреба
Извлечете го приклучокот од приклучницата, пред
да направите поставка на уредот или да меувате
делови од опремата. Невнимателниот старт на
дупчалката може да предизвика несреќа.
Зацврстете ги сите завртки после секое
прилагодување на сталакот за дупчалка.
Промена на аголот на дупчење
Олабавете ја долната завртка 8 на поместувањето на
аголот на дупчење со вилушкаст клуч (ширина на клучот
17 mm) и извадете ја.
Олабавете ја горната завртка 5 со вилушкаст клуч (ширина
на клучот 17 mm).
Олабавете ја затегнувачката навртка 11 со вилушкаст клуч
(ширина на клучот 24 mm). Поставете го сталакот за
дупчалка на саканиот агол за дупчење.
Bosch Power Tools
3
6 м
/ч
80 % (–800 mbar)
Повторно затегнете ја затегнувачката навртка 11 со
вилушкаст клуч. Затегнете ја горната завртка 5 со
вилушкаст клуч (ширина на клучот 17 mm).
Сталакот за дупчалка може да го поставите дури
откако ќе ги затегнете затегнувачката навртка 11 и
завртката 5 за подесување на аголот.
По дупчењето, вратете ги столбовите на дупчалката 4
повторно во вертикална положба (агол на дупчење од 0°)
постапувајќи по обратен редослед. За таа цел мора
повторно да ја ставите долната завртка 8 и да ја затегнете
со вилушкаст клуч (ширина на клучот 17 mm).
Вшмукување на вода
За да ја соберете водата што излегува од дупката при
мокро дупчење, употребете прстен за собирање на вода и
вшмукувач за мокро/суво вшмукување (двете ќе ги
најдете како опрема).
Прстенот за собирање на вода (види „Опрема", страна 98)
е предвиден за користење со сталак за дијамантска
дупчалка GCR 180 и дијамантска бормашина
GDB 180 WE.
Монтажа на прстенот за собирање на вода (види слика C)
Исечете еден отвор во саканиот дијаметар на дупчење во
заптивниот поклопец.
Притиснете ја затегнувачката пружина 19 до крај во
процепот помеѓу подната плоча 9 и столбовите на
дупчалката 4. Внимавајте аголниот дел од затегнувачката
пружина да покажува надолу.
Поставете го прстенот за собирање на вода и легнете ја
затегнувачката пружина на потпорните точки на прстенот
за собирање на вода. (Окцата на краевите на
затегнувачката пружина служат за влечење на истата
нагоре.)
Со помош на затегнувачката сила на пружината прстенот
за собирање на вода со неговиот дихтунг ќе се притиснат
на подлогата и ќе го спречат протекувањето на вода со
вакуумот на вшмукувачот за мокро/суво вшмукување.
Совети при работењето
За дупчење внимавајте на упатството за употреба на
Вашата дијамантска дупчалка.
При дупчење, олабавете ја сопирачката за фиксирање 13
колку да може вртливиот крст 1 малку да се движи. Притоа
цврсто држете го вртливиот крст, за да спречите
неконтролирано излизгување на дупчалката.
Со вртливиот крст 1 спуштете ја надолу дупчалката на
саканата длабочина на дупчење.
Потоа вратете ја назад, додека крунестата бургија не
излезе целосно.
За да се постигне максимално можна работна должина,
мора да го извадите јадрото од дупчењето, штом ќе се
наполни целосно крунестата бургија. Потоа одново водете
ја крунестата бургија во дупката и дупчете додека не ја
постигнете максималната длабочина.
Македонски | 97
1 609 92A 0PW | (31.10.14)