Bosch GCL 2-50 G Professional Notice Originale page 169

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 24
Проверка на точноста на ласерскиот сноп
За проверката потребна ви е слободна мерна линија на
цврста подлога со растојание од околу 5 m помеѓу подот
и плафонот.
– Монтирајте го мерниот уред на ротациониот
држач (11) и поставете го на подот. Изберете го
точкестиот режим и оставете го мерниот уред да се
нивелира.
– Означете ја средината на горната ласерска точка на
плафонот (точка Ⅰ). Освен тоа, обележете ја средината
на долната ласерска точка на подот (точка Ⅱ).
d
– Свртете го мерниот уред за 180°. Позиционирајте го
на тој начин, што средината на долната ласерска точка
ќе лежи на веќе обележаната точка Ⅱ. Оставете го
мерниот уред да се нивелира. Обележете ја средината
на горната ласерска точка (точка Ⅲ).
– Разликата  d на двете означени точки Ⅰ и Ⅲ на
плафонот го дава фактичкото отстапување на мерниот
уред од вертикалните линии.
Максималното дозволено отстапување го пресметувате
на следниот начин:
двојно растојание меѓу подот и плафонот × 0,7 mm/m.
Пример: При растојание меѓу подот и плафонот од 5 m
максималното отстапување смее да изнесува
2 × 5 m × ±0,7 mm/m = ±7 mm. Точките Ⅰ и Ⅲ смеат да
лежат најмногу 7 mm една од друга.
Совети при работењето
За обележување користете ја секогаш средината на
u
ласерската точка одн. ласерската линија.
Bosch Power Tools
Работење со ротациониот држач RM 10
(види слики F–H)
Со помош на ротациониот држач (11) можете да го
вртите мерниот уред околу централната и секогаш
видливата точка на вертикалата за 360°. Со тоа се
поставуваат ласерските линии, без да ја промените
позицијата на мерниот уред.
Со завртката за фино подесување (14) можете да
усогласите вертикални ласерски линии точно на
референтните точки.
Поставете го мерниот уред со водечкиот жлеб (6) на
шината водилка (12) на ротациониот држач (11) и
5 m
притиснете го мерниот уред до крај на платформата.
За да го извадите, извлечете го мерниот уред во обратен
правец од ротациониот држач.
Можности за позиционирање на ротациониот држач:
– во исправена положба на рамна површина,
– прицврстен на вертикална површина,
– со помош на магнет (15) на метални површини,
– поврзана со таванска стега (16) на метални тавански
Грубо центрирајте го ротациониот држач (11), пред да го
вклучите мерниот уред.
Работење со целна табла за ласерот
Целната табла за ласерот (20) ја подобрува видливоста
на ласерскиот зрак при неповолни услови и големи
растојанија.
Рефлектирачката половина на целната табла на ласерот
180°
(20) ја подобрува видливоста на ласерската линија, низ
транспарентната половина ласерската линија е видлива и
од задната страна на целната табла на ласерот.
Работење со статив (опрема)
Стативот овозможува стабилна мерна подлога што може
да се подесува по висина. Поставете го мерниот уред со
1/4"-прифатот на стативот (5) на навојот на стативот (21)
или обичен фото статив. Зацврстете го мерниот уред со
завртка за фиксирање на стативот.
Грубо центрирајте го стативот, пред да го вклучите
мерниот уред.
Прицврстете со универзален држач (опрема)
(види слика N)
Со помош на универзалниот држач (17) може да го
прицврстите мерниот уред на пр. на вертикални
површини или магнетизирани материјали.
Универзалниот држач и исто така погоден и како поден
статив и го олеснува подесувањето по висина на мерниот
уред.
Грубо центрирајте го универзалниот држач (17), пред да
го вклучите мерниот уред.
Работење со држачот LB 10 (опрема)
Со помош на држачот (18) можете да го прицврстите
мерниот уред или магнетибилните материјали на
Големината на ласерската точка одн. ширината на
ласерската линија се менува согласно растојанието.
лајсни.
1 609 92A 5EN | (20.03.2020)
Македонски | 169

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières