Bosch GRL 400 H Professional Notice Originale page 228

Masquer les pouces Voir aussi pour GRL 400 H Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 26
228 | Македонски
е видлива и од задната страна на целната табла на
ласерот.
Работење со статив (опрема)
Стативот овозможува стабилна мерна подлога што може
да се подесува по висина. Поставете го мерниот уред со
5/8"-прифатот на стативот (13) на навојот на
стативот (31). Зацврстете го мерниот уред со завртка за
фиксирање на стативот.
Кај статив со мерна скала на извлекување може директно
да го подесите отстапувањето по висина.
Грубо центрирајте го стативот, пред да го вклучите
мерниот уред.
Работење со мерна летва (опрема) (види слика D)
За контрола на рамнини или за нанесување на косини се
препорачува користење на мерна летва (32) заедно со
ласерскиот приемник.
На мерната летва (32) горе има нанесено релативна
мерна скала. Нејзината нулта висина може да ја изберете
долу на излезот. На тој начин директно се отчитуваат
отстапувањата од зададената висина.
Ласерски заштитни очила (опрема)
Ласерските заштитни очила ја филтрираат околната
светлина. На тој начин светлото на ласерот изгледа
посветло за окото.
Не ги користете ласерските заштитни очила
u
(дополнителна опрема) како заштитни очила.
Ласерските заштитни очила служат за подобро
распознавање на ласерскиот зрак; сепак, тие не
штитат од ласерското зрачење.
Не ги користете ласерските заштитни очила
u
(дополнителна опрема) како очила за сонце или
пак во сообраќајот. Ласерските очила не даваат
целосна UV-заштита и го намалуваат препознавањето
на бои.
Работни напомени за ласерскиот приемник
Израмнување со либела
Со помош на либелата (26) може вертикално да го
порамните ласерскиот приемник. Навалениот приемник
води кон погрешно мерење.
Означување
На средишната ознака (23) од десната и од левата страна
на ласерскиот приемник може да ја означите позицијата
на ласерскиот зрак, доколку тој поминува низ средината
на приемното поле (24).
Преглед на приказите за ротационен ласер
Вклучување на мерниот уред (1 s авто-тест)
Нивелирање или дополнително нивелирање
1 609 92A 5S3 | (09.09.2020)
Средишната ознака се наоѓа 45 mm од горниот раб на
мерниот уред.
При обележувањето ласерскиот приемник мора да биде
прецизно израмнет вертикално (при хоризонтален
ласерски зрак) одн. израмнет хоризонтално (при
вертикален ласерски зрак), инаку ознаките ќе се
поместат во однос на ласерскиот зрак.
Прицврстување со држач (види слика B)
Ласерскиот приемник може да го прицврстите со
држачот (35) како и на мерна летва (32) (опрема), како и
на други помошни средства со ширина од 65 mm.
Затегнете го држачот (35) со завртката за
прицврстување (34) во прифатот (30) на задната страна
од ласерскиот приемник.
Олабавете го вртливото копче (33) на држачот,
притиснете го истиот на пр. на мерната летва (32) и
повторно завртете го вртливото копче (33).
Референтната средишна линија (36) на држачот се наоѓа
на истата висина како и средишната ознака (23) и може
да се употреби за означување на ласерскиот зрак.
Прицврстување со магнет (види слика C)
Доколку не е потребно безбедно прицврстување, може
да го залепите ласерскиот приемник со помош на
магнети (22) на челичните делови.
Примери за работа
Проверка на длабочината на градежните јами
(види слика D)
Поставете го мерниот уред на стабилна подлога или
монтирајте го на статив (31).
Работење со статив: израмнете го ласерскиот зрак на
саканата висина. Пренесете ја одн. проверете ја висината
на целното место.
Работење без статив: Одредете ја висинската разлика
помеѓу ласерскиот зрак и висината на референтната
точка. Пренесете ја одн. проверете ја измерената
висинска разлика на целното место.
При мерење на големи растојанија, мерниот уред треба
да го поставувате секогаш во средината на работната
површина и да го поставите на статив, за да го намалите
влијанието на пречките.
При работење на несигурен под, монтирајте го мерниот
уред на стативот (31). Внимавајте - функцијата за
предупредување за удар е активирана, за да избегнете
погрешни мерења при движење на подот или потреси на
мерниот уред.
Ласерски
Ротација на
зрак
ласерскиот
зрак
Зелено Црвено Зелено Црвено Црвено
2×/s
2×/s
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Grl 400 lr 1 professional

Table des Matières