Bosch GRL 400 H Professional Notice Originale page 226

Masquer les pouces Voir aussi pour GRL 400 H Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 26
226 | Македонски
По вклучувањето на ласерскиот приемник, точноста на
прием секогаш е поставена на „средно" и сигналниот тон
е исклучен.
За исклучување на ласерскиот приемник, одново
притиснете на копчето за вклучување-исклучување (19).
Доколку за околу 10 min не се притисне на ниедно копче
на ласерскиот приемник и до приемното
поле (24) 10 min не достигне ласерски зрак, тогаш
ласерскиот приемник автоматски се исклучува заради
заштита на батеријата. Исклучувањето се означува со
сигнален тон.
Изберете ја поставката на приказот за средишна
линија
Со копчето Поставување на точноста на прием (20) може
да утврдите со која точност ќе се прикаже позицијата на
ласерскиот зрак на приемното поле како „средно":
– Точност при мерење „фино" (приказ (f) на екранот),
– Точност при мерење „средно" (приказ (a) на екранот).
При секоја промена на поставката за точност се слуша
сигнален тон.
Прикази за правец
Ќе се прикаже позицијата на ласерскиот зрак во
приемното поле (24):
– на екранот (25) на предната и задната страна на
ласерскиот приемник со приказот на правец
„Ласерски зрак под средишната линија" (c), приказот
на правец „Ласерски зрак над средишната линија" (g)
одн. приказот за средишна линија (e),
– опционално со сигнален тон (види „Сигнален тон за
приказ на ласерскиот зрак", Страница 226).
Ласерскиот приемник е поставен прениско: Доколку
ласерскиот зрак поминува низ горната половина на
приемното поле (24), на екранот се појавува приказот за
правец „Ласерски зрак над средишната линија" (g).
Доколку сигналниот тон е вклучен, се слуша сигнал со
бавен такт.
Движете го ласерскиот приемник во правец на стрелката
нагоре. Со доближување кон средишната линија ќе се
прикаже само врвот на приказот за правец „Ласерски
зрак над средишната линија" (g).
Ласерскиот приемник е поставен превисоко: Доколку
ласерскиот зрак поминува низ долната половина на
приемното поле (24), на екранот се појавува приказот за
правец „Ласерски зрак под средишната линија" (c).
Доколку сигналниот тон е вклучен, се слуша сигнал со
забрзан такт.
Движете го ласерскиот приемник во правец на стрелката
надолу. Со доближување кон средишната линија ќе се
прикаже само врвот на приказот за правец „Ласерски
зрак под средишната линија" (c).
Ласерскиот приемник е поставен во средина: доколку
ласерскиот зрак поминува низ полето за прием (24) на
висина на средишната линија (23), на екранот светнува
приказот за средишна линија (e).
При вклучен сигнален тон се слуша непрекинат тон.
1 609 92A 5S3 | (09.09.2020)
Сигнален тон за приказ на ласерскиот зрак
Позицијата на ласерскиот зрак на полето за прием (24)
се прикажува со сигнален тон.
Сигналниот тон може да го поставите во две различни
јачини на звукот.
За вклучување одн. менување на сигналниот тон,
притискајте на копчето Сигнален тон (21), додека на
екранот не се прикаже посакуваната јачина на звукот.
При средна јачина на звукот, приказот за сигнален
тон (d) трепка на екранот, при повисока јачина на звукот
приказот за сигналниот тон непрекинато свети, при
исклучен сигнален тон - се гаси.
Автоматика за нивелирање
Преглед
По вклучувањето, мерниот уред автоматски ја проверува
хоризонталната положба и ги израмнува нерамнините во
полето на самонивелирање од околу ± 8 % (± 4,6°).
За време на нивелирањето, приказот за статус трепка (5)
зелено, ласерот не ротира и трепка.
Мерниот уред е изнивелиран, штом приказот за
статус (5) свети непрекинато зелено и ласерот свети
непрекинато. По завршување на нивелирањето мерниот
уред автоматски стартува во ротационен погон.
Доколку по вклучувањето или по промена на положбата,
мерниот уред стои повеќе од 8 % косо, нивелирањето не
е повеќе можно. Во овој случај, роторот ќе запре,
ласерот трепка и приказот за статус (5) свети
непрекинато црвено.
Одново позиционирајте го мерниот уред и почекајте за
нивелирање. Без одново позиционирање, по 2 min
автоматски се исклучува ласерот и по 2 h мерниот уред.
Доколку мерниот уред е изнивелиран, тој постојано ја
контролира хоризонталната положба. При промени во
положбата, автоматски се врши нивелирање. За
избегнување на погрешни мерења, за време на процесот
на нивелирање, роторот стопира, ласерот трепка и
приказот за статус (5) трепка црвено.
Функција за предупредување за удар
Мерниот уред има функција за предупредување за удар.
При промени на положбата одн. потреси на мерниот уред
или при вибрации на подлогата го спречува
нивелирањето во променета позиција и со тоа и грешките
поради поместување на уредот.
Активирање на предупредувањето за удар: по
вклучување на мерниот уред, функцијата за
предупредување за удар при фабричката поставка
останува вклучена (приказот за предупредување за
удар (3) свети зелено). Предупредувањето за удар ќе се
активира околу 30 s по вклучувањето на мерниот уред
одн. по вклучување на функцијата за предупредување за
удар.
Активирање на предупредување за удар: Доколку при
промена на положбата на мерниот уред се пречекори
полето на точност на нивелирање или се регистрира јак
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Grl 400 lr 1 professional

Table des Matières