Доколку предупредувањето за батеријата (b) се појави
прв пат на екранот (25), ласерскиот приемник може да
работи уште околу 3 h.
Доколку не сте го користеле ласерскиот приемник
u
подолго време, извадете ги батериите од него. При
подолго складирање, батериите во ласерскиот
приемник може да се кородираат и да се испразнат.
Употреба
Заштитете ги мерниот уред и ласерскиот приемник
u
од влага и директно изложување на сончеви зраци.
Не ги изложувајте мерниот уред и ласерскиот
u
приемник на екстремни температури или
осцилации во температурата. На пр. не ги оставајте
долго време во автомобилот. При големи осцилации
во температурата, оставете ги мерниот уред и
ласерскиот приемник најпрво да се аклиматизираат,
пред да ги ставите во употреба. Направете проверка
за точноста секогаш пред да продолжите со работа со
мерниот уред (види „Контрола на точноста на мерниот
уред", Страница 227).
При екстремни температури или осцилации во
температурата, прецизноста на мерниот уред и
ласерскиот приемник може да се наруши.
Избегнувајте удари и превртувања на мерниот
u
уред. По силни надворешни влијанија на мерниот
уред, пред да го употребите за работа, секогаш
извршете контрола на точноста (види „Контрола на
точноста на мерниот уред", Страница 227).
Одржувајте го работниот простор без пречки кои
u
може да го рефлектираат или попречат ласерскиот
зрак. На пр., покријте ги рефлектирачките или
сјајните површини. Не мерете преку стаклени
панели или слични материјали. Може да се добијат
погрешни резултати од мерењето преку
рефлектирачки или попречен ласерски зрак.
Ставање во употреба на ротациониот ласер
Поставување на мерниот уред
Поставете го мерниот уред
на стабилна подлога во
хоризонтална положба или
монтирајте го на
статив (31).
Поради големата точност на нивелирање, мерниот уред
реагира многу осетливо на потреси и промени на
положбата. Осигурајте стабилна позиција на мерниот
уред, за да се избегнат прекини на работата поради
дополнително нивелирање.
Вклучување/исклучување
За вклучување на мерниот уред притиснете на копчето
за вклучување/исклучување (4). Сите прикази кратко
светнуваат. Мерниот уред пушта варијабилен ласерски
зрак (2) од излезниот отвор (1).
Bosch Power Tools
Не го насочувајте зракот светлина кон лица или
u
животни и не погледнувајте директно во него, дури
ни од голема оддалеченост.
Мерниот уред започнува веднаш со автоматско
нивелирање. За време на нивелирањето, приказот за
статус трепка (5) зелено, ласерот не ротира и трепка.
Мерниот уред е изнивелиран, штом приказот за
статус (5) свети непрекинато зелено и ласерот свети
непрекинато. По завршување на нивелирањето мерниот
уред автоматски стартува во ротационен погон.
Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор
u
и исклучете го по употребата. Другите лица може да
се заслепат од ласерскиот зрак.
Мерниот уред работи исклучиво во ротационен режим и
со фиксна ротациона брзина, којашто исто така е
прилагодена за примена со ласерскиот приемник.
При поставена фабричка поставка, функцијата за
предупредување за удар автоматски се вклучува,
приказот за функцијата за предупредување за удар (3)
свети зелено.
За исклучување на мерниот уред притиснете кратко на
копчето за вклучување/исклучување (4). При
активирано предупредување за удар (приказот на
функцијата за предупредување за удар (3) трепка
црвено) притиснете еднаш кратко на копчето за
вклучување-исклучување за одново стартување на
функцијата за предупредување за удар, а со повторното
кратко притискање го исклучувате мерниот уред.
Мерниот уред автоматски ќе се исклучи заради заштита
на батериите, доколку се наоѓа подолго од 2 h надвор од
полето на самонивелирање или предупредувањето за
удари е активирано подолго од 2 h. Одново
позиционирајте го мерниот уред и повторно вклучете го.
Ставање во употреба на ласерскиот приемник
Поставување ласерски приемник (види слика A)
Поставете го ласерскиот приемник на оддалеченост
најмалку 0,5 m од ротирачкиот ласер. Кај ротирачките
ласери со повеќе режими на работа изберете
хоризонтален или вертикален режим со највисоката
ротирачка брзина.
Поставете го ласерскиот приемник, на тој начин што
ласерскиот зрак ќе достигне до полето за прием (24).
Порамнете го на тој начин, така што ласерскиот зрак паѓа
напречно на приемното поле (како што е прикажано на
сликата).
Вклучување/исклучување
При вклучување на ласерскиот приемник се слуша
u
гласен сигнален тон. Затоа држете го ласерскиот
приемник подалеку од ушите одн. други лица при
вклучувањето. Гласниот тон може да го оштети
слухот.
За вклучување на ласерскиот приемник, притиснете го
копчето за вклучување-исклучување (19). Кратко
светнуваат сите прикази на екранот и се огласуваат двата
сигнални тона.
Македонски | 225
1 609 92A 5S3 | (09.09.2020)