Наполнете ја Bosch-батеријата само со
u
испорачаните полначи.
Заштитете ги батериите од топлина, на пр.
од долготрајно изложување на сончеви
зраци, оган, нечистотии, вода и влага.
Инаку, постои опасност од експлозија и
краток спој.
Безбедносни напомени за полначи
Прочитајте ги сите безбедносни напомени
и упатства. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки
повреди.
Чувајте ги безбедносните напомени и упатства за
користење и за во иднина.
Овој полнач не е предвиден за
u
употреба од деца и лица со
ограничени физички, сензорни
или ментални способности или
со недоволно искуство и знаење.
Овој полнач може да го користат
деца над 8 години како и лица со
ограничени физички, сензорни и
ментални способности или со
недоволно искуство и знаење,
доколку се под надзор од лица
одговорни за нивната
безбедност или се подучени за
безбедно ракување со полначот
и ги разбираат опасностите кои
може да произлезат поради тоа.
Инаку постои опасност од
погрешна употреба и повреди.
За време на користењето,
u
чистењето и одржувањето
надгледувајте ги децата. Така ќе
се осигурате дека децата нема да
си играат со полначот.
Полнете само Bosch NiCd/NiMH
u
батерии со капацитет од 9 Ah
Bosch Power Tools
(2 батериски ќелии). Напонот на
батеријата мора да одговара на
напонот за полнење на
батеријата на полначот. Полнете
само батерии за повторно
полнење. Инаку постои опасност
од пожар и експлозија.
Држете го полначот подалеку од дожд или
влага. Навлегувањето на вода во електричниот уред го
зголемува ризикот од електричен удар.
Наполнете го мерниот уред со испорачаниот
u
полнач.
Одржувајте ја чистотата на полначот. Доколку се
u
извалка, постои опасност од електричен удар.
Пред секое користење, проверете ги полначот,
u
кабелот и приклучокот. Не го користете полначот,
доколку забележите оштетувања. Не го отворајте
сами полначот и оставете го на поправка кај
квалификуван стручен персонал кој ќе користи
само оригинални резервни делови. Оштетениот
полнач, кабел и приклучок го зголемува ризикот за
електричен удар.
Не го користете полначот на лесно запалива
u
подлога (на пр. хартија, текстил итн.) одн. во
запалива околина. Постои опасност од пожар заради
затоплувањето на уредот што произлегува при
полнењето.
Опис на производот и
перформансите
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Употреба со соодветна намена
Ротационен ласер
Мерниот уред е наменет за одредување и прикажување
на точни хоризонтални линии.
Мерниот уред е погоден за користење во внатрешен и
надворешен простор.
Ласерски приемник
Ласерскиот приемник е наменет за брзо пронаоѓање на
ротирачки ласерски зраци со бранова должина којашто е
наведена во техничките податоци.
Мерниот уред е погоден за користење во внатрешен и
надворешен простор.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на компонентите со слики се однесува на
приказот на ротациониот ласер, полначот и ласерскиот
приемник на графичките страници.
Македонски | 221
1 609 92A 5S3 | (09.09.2020)