Milwaukee M12 ICAV3 Notice Originale page 46

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 11
наполни. Дисплејот секогаш да се чува прицврстен на
рачката. Ако дисплејот се исклучи поради недостаток на
напојување со струја, истиот треба пред следната
употреба да се полни најмалку 30 минути.
СИМНУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИ НА КОМПЈУТЕР
USB-кабелот да се приклучи странично од дисплејот.
Другиот крај од USB-кабелот да се приклучи во
соодветниот порт од компјурерот. НАПОМЕНА: Ако на
Вашиот компјутер не може да се гледаат видеа, можно е
причина за тоа да е што компјутерот нема DIVX- или
XVID-кодек. Датотеката AVI се снима во MPEG4-формат
и на компјутерот затоа му е потребен DIVX- или
XVID-кодек за да ја декодира и да ја репродуцира
датотеката. Симнете го соодветниот кодек, за да може
да гледате фотографии/видеа.
ВКЛУЧУВАЊЕ/ИСКЛУЧУВАЊЕ
Кога дисплејот е наместен на рачката, да се притисне
еден од двата ВКЛУЧИ/ИСКЛУЧИ - прекинувачи
да го вклучите уредот. Држете го притиснат едниот од
двата ВКЛУЧИ/ИСКЛУЧИ-прекинувачи
, за да се
исклучи уредот. Ако дисплејот не е наместен на рачката,
да се притисне прекинувачот што се наоѓа на уредот, за
да се вклучи или исклучи истиот.
ИНДИКАТОР ЗА ПОЛНЕЊЕ
Кога дисплејот е наместен на рачката, во горниот десен
агол е прикажана состојбата со полнењето на M12™
батерија. Кога дисплејот не е наместен на рачката,
прикажани се два индикатори за полнење на батеријата.
Левиот индикатор ја покажува состојбата со полнењето
на батеријата на дисплејот. Десниот индикатор ја
покажува состојбата со полнењето на M12™ заменската
батерија. Секој сегмент од индикаторот за полнење
претставува околу 1/4 од вкупното полнење.
УПОТРЕБА НА РАЧКАТА И НА ДИСПЛЕЈОТ
За дисплејот да се извлече од рачката, држете ги цврско
двата дела и симнете го дисплејот од батеријата. За
повторно да го наместите дисплејот, бутнете ги рачката
и дисплејот еден во друг.
НАПОМЕНА: Пораката за грешка "NO IMAGE SIGNAL"
[НЕМА СИГНАЛ ЗА СЛИКА] ќе се покаже кога рачката не
е напоена со електрична енергија, односно кога не се
наоѓа во приемното подрачје на дисплејот (околу 40 см)
или кога кабелот не е прецизно наместен на рачката.
Кога во непосредна близина се употребуваат повеќе
уреди, може да дојде до интерференци.
УПОТРЕБА НА PIVOTVIEW™ КАБЕЛОТ (ПРИБОР)
Види ги соодветните илустрации.
Кога не се прикажува посакуваниот исечок од сликата,
притиснете ги копчињата за ослободување и
PivotviewTM кабелот свртете го за 90°. Потоа повторно
вклучете го кабелот и вртете и манипулирајте го по
потреба.
СНИМАЊЕ НА ФОТОГРАФИИ/ВИДЕА
Со копчето
прешалтувајте меѓу снимање на
фотографии и видеа. Избраниот вид на работа ќе се
прикаже со помош на симбол во горниот лев агол.
Кабелот насочете го кон отворот. Осигурајте ја работната
површина и вметнете го кабелот.
Со копчињата со стрелки ▲▼ зумирајте и одзумирајте ја
сликата.
Со копчињата со стрелки ◄► ротирајте ја сликата во
чекори од 90°
90
МАКЕДОНСКИ
Користете го контролниот бирач, за да ја зголемите или
намалите осветленоста на LED-от.
За да снимите фотографија или видео, притиснете го
OK-копчето или чкрапалото.
За да прекинете со снимање на видео, повторно
притиснете го OK-копчето или чкрапалото.
За да ја меморирате фотографијата/видеото,
активирајте го OK-копчето или чкрапалото. Со тоа
фотографијата/видеото ќе се меморира на мемориската
картичка. Притиснете го копчето со стрелки ◄►, за да ја
прекинете постапката.
НАПОМЕНА: Ако МИКРОФОНОТ во менито за
подесување под ВКЛУЧИ е вклучен, при сниматето на
видеото ќе бидат снимени и звуци.
ПРЕГЛЕД
Притиснете на копчето-преглед
, за да ги гледате
меморираните фотографии/видеа.
, за
Притиснете ги копчињата со стрелки ◄►, за да ги
разгледате меморираните фотографии/видеа.
Притиснете го OK-копчето, за да изберете фотографија/
видео.
Притиснете ги копчињата со стрелки ▲▼, за да
изберете една од следните опции:
ОБРАБОТКА
Зумирање и вртење на фотографија.
Притиснете ги копчињата со стрелки
▲▼, за да зумирате. Притиснете ги
копчињата со стрелки ◄►, за да ја
вртите фотографијата во чекори од
90°.
ПРЕГЛЕД
Прикажување на видео снимка.
Притиснете го OK-копчето, за да
направите пауза или да продожите.
Притиснете ги копчињата со стрелки
◄► за брзо премотување нанапред
или наназад.
БРИШЕЊЕ
Трајно бришења на фотографија/
видео.
FLAG
Да се означи фотографија/видео за
понатамошна употреба. Кога уредот е
приклучен на компјутер,соодветната
датотека за полесно локализирање се
означува со "F" пред името на
датотеката.
ЗАВРШЕНО
Враќање кон менито за преглед
RESET-КОПЧЕ
Со притискање на Reset-копчето повторно се
воспоставува фабричкиот сетинг.
БАТЕРИИ
Батриите кои не биле користени подолго време треба да
се наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат
траењето на батериите. Избегнувајте подолго
изложување на батериите на високи температури или
сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се
наполнат целосно по употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после
нивното полнење треба да бидат извадени од апаратот
за полнење на батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30
дена: Акумулаторот да се чува на температура од
приближно 27°C и на суво место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од
состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6
месеци.
ЗАШТИТА ОД ПРЕОПТЕРЕТУВАЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
Комплетот батерија е опремен со заштита од
преоптеретување што ја заштитува батеријата од
преоптоварување и обезбедува долг работен век.
При екстремно интензивна употреба сијаличката за
работа трепка за да прикаже преоптоварување. Ако
оптоварувањето не биде намалено, машината
автоматски се исклучува. За да продолжите со работа со
машината, истата исклучете ја и повторно вклучете ја.
Доколку машината не се придвижи повторно, можно е
комплетот батерија да е испразнет, при што мора да
биде наполнет во апаратот за полнење.
ТРАНСПОРТ НА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Литуим-јонските батерии подлежат на законските
одредби за транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и
одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат
непречен патен транспорт на истите.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии
од страна на шпедитерски претпријатија подлежни на
одредбите за транспорт на опасни материии.
Подготовките за шпедиција и транспорт треба да ги
вршат исклучиво соодветно обучени лица.
Целокупниот процес треба да биде стручно
надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на
следното:
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и
изолирани, а сето тоа со цел да се избегнат кратки
споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите
во нивната амбалажа.
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени
литиум-јонски батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето
шпедитерско претпријатие.
ОДРЖУВАЊЕ
Глава на камерата да бидат чисти
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани
треба да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги
сервисните агенти на Milwaukee (консултирајте ја
листата на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на
апаратот со наведување на машинскиот тип и
шестоцифрениот број на табличката со учинокот или во
Вашата корисничка служба или директно кај Techtronic
Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden,
Германија.
СИМБОЛИ
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
ОПАСНОСТ!
Извадете го батерискиот склоп пред
отпочнување на каков и да е зафат врз
машината.
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за
употреба.
Секогаш при користење на машината
носете ракавици.
Дополнителна опрема - Не е вклучена во
стандардната, а достапна е како додаток.
Електричните апарати не смеат да се
фрлат заедно со домашниот отпад.
Електричните и електронсите апарати
треба да се собираат одделно и да се
однесат во соодветниот погон заради
нивно фрлање во склад со начелата за
заштита на околината.
Информирајте се кај Вашите местни
служби или кај специјализираниот трговски
претставник, каде има такви погони за
рециклажа и собирни станици.
СЕ-знак
Национален конформитетски знак за
Украина
EurAsian (Евроазиски) знак на
конформитет.
МАКЕДОНСКИ
91

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières