Bosch PCM 8 SD Notice Originale page 251

Masquer les pouces Voir aussi pour PCM 8 SD:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 33
– Притоа, целосно извлечете го нанадвор транспортниот
осигурувач (28).
– Полека водете ја рачката на алатот нагоре.
Прицврстување на електричниот алат (позиција за
транспорт)
– Олабавете ја завртката за фиксирање (25), ако го
заглавува механизмот за влечење (1). Извлечете го
кракот на алатот целосно нанапред и повторно
затегнете ја завртката за фиксирање за блокирање на
механизмот за влечење.
– Завртете ја завртката за подесување (33) сосема
нагоре.
– За фиксирање на масата за пила (21) затегнете го
копчето за фиксирање (13).
– Повлечете го кракот на алатот на рачката (6) надолу,
додека транспортниот осигурувач (28) целосно не се
притисне навнатре.
Сега кракот на алатот е безбедно блокиран за транспорт.
Прицврстување на делот што се обработува
(види слики G1−G3)
За овозможување на оптимална работна безбедност,
секогаш мора добро да го прицврстите делот што се
обработува.
Не обработувајте парчиња, кои се премали за добро да
се зацврстат.
Вертикално фиксирање
– Вметнете ја испорачаната брзата стега (22) во
отворите предвидени за таа намена (31).
– Притиснете го делот што се обработува кон
граничните водилки (9) и (11).
– Притиснете на делот за брзо отклучување (58) и
прилагодете ја брзата стега на делот што се
обработува.
– Потоа свртете го копчето (59) во правец на стрелките
на часовникот и на тој начин фиксирајте го делот што
се обработува.
Хоризонтално фиксирање
– Одвртете ја пеперутка-завртката (60) и извлечете ја
брзата стега од прачката-држач (61).
– Вметнете ја сега „намалената" брза стега (22) во отвор
предвиден за тоа (62) (за фиксирање на греди види
слика G2, за фиксирање на подни лајсни види слика
G3). Повторно заглавете ја брзата стега со помош на
пеперутка-завртката (60) на прачката-држач (61).
– Притиснете го цврсто делот што се обработува на
масата за пила (21).
– Притиснете на делот за брзо отклучување (58) и
прилагодете ја брзата стега на делот што се
обработува.
– Потоа свртете го копчето (59) во правец на стрелките
на часовникот и на тој начин фиксирајте го делот што
се обработува.
Bosch Power Tools
Олабавување на делот што се обработува
– За да ја олабавите брзата стега најпрво свртете го
копчето (59) во правец спротивен на стрелките на
часовникот.
– Потоа притиснете на делот за брзо отклучување (58) и
извлечете ја навојната прачка од делот што се
обработува.
Продолжување на масата за пила (види слика
H)
Долгите делови што се обработуваат мора да се потпрат
на слободниот крај или да се прицврстат.
Флексибилниот систем за прикачување на
продолжетоците на масата за пила (63) Ви овозможува
голем број на варијанти на продолжување.
– По потреба ставете ги флексибилните продолжетоци
на масата за пила (63) во прифатите (64) на
електричниот алат или во прифатите (65) на
стационарните продолжетоци на масата за пила.
Подесување на хоризонталниот и
вертикалниот агол на закосување
Комбинирано сечење со закосување
Напомена: Кај Сечење со комбинирани хоризонтални
и вертикални агли на закосување секогаш поставувајте
го прво вертикалниот, а дури потоа хоризонталниот агол
на закосување.
Подесување на хоризонталниот агол на закосување
(види слика I)
Хоризонталните агли на закосување може да се подесат
во граници од 48° (на левата страна) до 48° (на десната
страна).
– Отпуштете го копчето за фиксирање (13), доколку е
затегнато.
– Повлечете го лостот (14) и свртете ја масата за пила
(21), додека агломерот (17) не го покаже саканиот
агол на закосување.
– Повторно затегнете го копчето за фиксирање (13).
За брзо и прецизно подесување на често користени
хоризонтални агли на закосување на масата за пила
има жлебови (18):
лево
45°; 30°; 22,5°; 15°
Подесување на вертикалниот агол на закосување
Вертикалниот агол на закосување може да се подеси во
граници од 45° (на левата страна) до 45° (на десната
страна).
За брзо и прецизно подесување на често користени агли
на закосување, постојат граничници за агли од 0° и 45° и
дополнително од левата страна за аголот 33,9° и 22,5°.
Подесување на вертикалниот опсег на аголот на
закосување (види слики J1−J2)
– Олабавете го затегнувачкиот лост (48).
Македонски | 251
десно
15°; 22,5°; 30°; 45°
1 609 92A 4M8 | (04.12.2018)

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Pcm 800 s

Table des Matières