Вредноста на емисија на бучава наведена во овие
упатства е измерена со нормирана постапка за мерење и
може да се користи за меѓусебна споредба на електрични
алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена
процена на емисијата на бучава.
Наведената вредност на емисија на бучава се однесува
на основната примена на електричниот алат. Доколку
електричниот алат се користи за други примени, алатот
што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се
одржува, вредноста на емисијата на бучава може да
отстапува. Ова може значително да ја зголеми емисијата
на бучава во целокупниот период на работење.
За прецизно одредување на емисијата на бучава, треба
да се земе предвид периодот во кој уредот е исклучен
или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба.
Ова може значително да ја намали емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Монтажа
Избегнувајте невнимателно вклучување на
u
електричниот алат. За време на монтажата и при
сите интервенции на електричниот алат, струјниот
приклучок не смее да се приклучува на напојување
на струја.
Обем на испорака
Внимавајте на приказот на обемот на
испорачаните материјали на почетокот од
упатството за употреба.
Пред првата употреба на електричниот алат, дали сите
долу наведени делови се испорачани:
– Пила за оплата со монтиран сечило на пилата
– Ќеса за прав (53)
– стационарен продолжеток на масата за пила (11) (2 x),
завртки за прицврстување (51) (2 x)
– флексибилен продолжеток на масата за пила (63) (2 x)
– Брза стега (22)
– Клуч со внатрешна шестаголна глава (49)
Напомена: Проверете дали на електричниот алат има
евентуални оштетувања.
Пред понатамошната употреба на електричниот алат,
мора да ги проверите заштитните уреди и деловите што
лесно може да се оштетат дали се беспрекорни и
соодветни на намената. Проверете дали подвижните
делови функционираат беспрекорно и не се заглавуваат
и дали се оштетени деловите. Сите делови мора да се
правилно монтирани и да ги исполнуваат сите услови, за
да обезбедат беспрекорна работа.
Оштетените заштитни уреди и делови мора да бидат
поправени или заменети од страна на овластена
сервисна работилница.
Bosch Power Tools
Монтажа на поединечните делови
– Внимателно извадете ги сите испорачани делови од
амбалажата.
– Извадете ја целата амбалажа од електричниот уред и
од испорачаната опрема.
Монтирање на стационарни продолжетоци на масата
за пила (види слика A)
Стационарните продолжетоци на масата за пила (11)
мора да се затегнат со електричен алат со завртки за
прицврстување (51) од левата и десната страна на масата
за пила (21).
– Поставете го продолжетокот на масата за пила (11)
лесно наназад во жлебот на прифатот (52) на
електричниот алат, завртете го продолжетокот на
масата за пила во жлебот на прифатот во хоризонтала
нанапред и потоа притиснете го до крај надолу.
– Затегнете ги завртките за прицврстување (51) со
испорачаниот клуч со внатрешна шестаголна глава
(49).
Фиксна или флексибилна монтажа
За да се овозможи безбедно ракување,
u
електричниот алат мора да се монтира пред
употребата на рамна и стабилна работна површина
(на пр. работна клупа).
Монтажа на работна површина (види слика B)
– Зацврстете го електричниот алат со соодветни завртки
на работната површина. За тоа служат отворите (20).
Флексибилна инсталација (не се препорачува!) (види
слика C)
Доколку, во исклучителни случаи, не е возможно да го
монтирате електричниот алат на рамна и стабилна
работна подлога, може привремено да го поставите со
заштита од превртување.
Без заштитата од превртување, електричниот алат
u
нема да биде стабилен и може да се преврти при
сечење на максимални хоризонтални и/или
вертикални агли на закосување.
– Свртете ја заштитата од превртување (15) навнатре
или нанадвор додека електричниот алат не застане
рамно на работната површина.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
Македонски | 249
1 609 92A 4M8 | (04.12.2018)