mk
Ова е превод на упатството напишано на англиски јазик Го задржуваме правото на измени на ова упатство без
претходно известување
Важно
Read these safety and operating instructions carefully before installing, operating or maintaining this tool Keep these
Внимателно прочитајте ги овие безбедносни упатства и упатствата за ракување пред поставувањето, ракувањето
или одржувањето на овој алат Чувајте ги овие упатства на безбедно, лесно достапно место
Намена и предвидена употреба на уредот
Покрај упатствата за ракување и обврзните регулативи за спречување несреќи на работното место кои важат во
земјата во која се употребува уредот, потребно е да се придржувате и до признатите регулативи за безбедно и
правилно работење
Уредот за вшмукување прашина мора
• да го користат само лица кои се запознати со неговото правилно ракување и имаат изречно овластување да
ракуваат со него
• да се користи само под надзор
Уредот за вшмукување прашина не е наменет за употреба од страна на лица (вклучувајќи и деца) со намалени
физички, сензорни или ментални способности или со недостаток од искуство и знаење Децата мора да бидат
под надзор за да се осигура тие да не си играат со уредот за вшмукување прашина
Уредите за вшмукување прашина опишани во ова упатство за ракување се соодветни за
• вшмукување прашина и течности
• вшмукување прашина за рачни електрични алати
• одвојување на прашината со граница на изложеност поголема од 1 mg/m³, (класа на прашина L) Почитувајте
ги прописите кои важат во вашата земја
Следниве материјали не треба да се вшмукуваат со уредот за вшмукување прашина
• жешки материјали (запалени цигари, жежок пепел, итн )
• запалливи, експлозивни, агресивни течности (на пр бензин, растворувачи, киселини, алкалии, итн )
• запаллива, експлозивна прашина (на пр алуминиумска, магнезиумска прашина, итн )
Уредот за вшмукување прашина мора
• да биде заштитен од дожд и влажно опкружување, освен во случај на вшмукување течности
• да биде заштитен од UV-зрачење
Пред вклучувањето (А)
Филтер вреќичката од филц е однапред поставена во уредот за вшмукување прашина
Проверете дали податоците за напонот прикажани на типската табличка соодветствува на напонот на локалното
мрежно напојување Се препорачува уредот за вшмукување прашина да се приклучи преку уред за заштита од
диференцијална струја
Редовно проверувајте го кабелот за напојување за знаци на оштетување, на пр пукнатини или стареење Ако
кабелот за напојување е оштетен, мора да се замени во сервис центар на компанијата Mirka или електричар за
84
Mirka® Dust Extractor • 1025 L