Milwaukee HEAVY DUTY M18 FCOS230 Notice Originale page 63

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 17
Технички податоци
Рачен циркулар
Производен број
Номинална брзина
D = дискови за сечење - макс. дијаметар
d = дискови за сечење - дијаметар на дупки
b=Дебелина на плочата за сечење мин. / макс.
Тип на дискови:
зајакнати дискови за сечење или дијамантски дискови за сечење
Максимална длабочина на сечење
Макс. притисо+AJ10к на довод на вода
Тежина според ЕПТА-процедурата 01/2014 (Li-Ion 12Ah)
Фреквентна лента (фреквентни ленти) за блутут
Волтажа на батеријата
високофреквентна моќност
Верзија блутут
Препорачана температура на околината при работа
Препорачани типови на акумулаторски батерии
Препорачани полначи
Информација за бучавата/вибрациите
Измерените вредности се одредени согласно стандардот EN 60
745.
A-оценетото ниво на бучава на апаратот типично изнесува:
Ниво на звучен притисок. (Несигурност K=3dB(A))
Ниво на јачина на звук. (Несигурност K=3dB(A))
Носте штитник за уши.
Вкупни вибрациски вредности (векторски збир на трите насоки)
пресметани согласно EN 60745.
Вибрациска емисиона вредност a
h,SG
Несигурност К
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Нивото на вибрации и емисија на бучава дадени во овој информативен лист се измерени во согласност со стандардизиран метод
на тестирање даден во EN 60745 и може да се користат за споредување на еден електричен алат со друг. Тие исто така може да се
користат при првична проценка на изложеност.
Наведеното ниво на вибрации и емисија на бучава ја претставува главната примена на алатот. Сепак ако алатот се користи за
поинакви примени, со поинаков прибор или лошо се одржува, вибрациите и емисијата на бучава може да се разликуваат. Тоа може
значително да го зголеми нивото на изложеност преку целиот работен период.
Проценка на нивото на изложеност на вибрации и бучава треба исто така да се земе предвид кога е исклучен алатот или кога е
вклучен, но не врши никаква работа. Тоа може значително да го намали нивото на изложеност преку целиот работен период.
Утврдете дополнителни безбедносни мерки за да се заштити операторот од ефектите на вибрациите и/или бучавата како на пр.:
одржувајте го алатот и приборот, рацете нека ви бидат топли, организација на работните шеми.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Прочитајте ги сите безбедносни
упатства, инструкции, илустрации и спецификации за овој
електричен алат. Недоследно почитување на подолу наведените
упатства можe да предизвика електричен удар, пожар и/или сериозни
повреди.
Сочувајте ги сите безбедносни упатства и инструкции за во
иднина.
БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА БРУСЕЧКИ МАШИНИ ЗА
ДЕЛЕЊЕ
a) Употребете го електро-орудието само со заштитниот поклопец
кој е дел од пратката. Заштитниот поклопец мора да биде
уредно нанесен на електро-орудието и да биде подесен така
што ќе се постигне највисока мерка на безбедност односно
најмалиот дел од разделната плоча да покажува отворено
према лицето кое што го опслужува. Заштитниот поклопец
треба да го заштити лицето кое што ракува со ова од парчиња кои
што би се скршиле и од случаен контакт со разделната плоча.
b) Користете само сврзани и зајакнати дискови или дијамантски
дискови за сечење за вашата електрична алатка. Само затоа
што некој додаток може да се прицврсти на вашата електрична
алатка, тоа не гарантира безбедно работење.
124
МАКЕДОНСКИ
M18 FCOS230
4745 70 02...
...000001-999999
6600 min
-1
230 mm
22.2 mm
1.9 / 3 mm
85 mm
6 bar / 90 psi
6.2 kg
2402-2480 MHz
18 V
1,8 dBm
4.0 BT signal mode
-18°C ... +50 °C
M18HB12
M12-18..., M1418 C6
101.2 dB(A)
112.2 dB(A)
1.81 m/s
2
1.50 m/s
2
c) Бројот на вртежи на алатот, којшто се употребува, мора да
биде нај-малку толку висок како и бројот на вртежите на
вашиот електро-алат.
Додатокот, којтшто се врти побрзу, може да се скриша и да излета.
d) Телата за брусење смеат да се употребуваат само за
препорачаните можности за употреба. На пример: никогаш не
брусење со страничната површина од диск за делење.
Дисковите за делење се наменети за отстранување на материјал
со работ на дискот. Дејството на странична сила врз овие тела за
брусење може да ги скрши истите.
e) Секогаш употребувајте неоштетени прирабници за стегање со
точен дијаметар за дисковите за сечење што сте ги одбрале.
Соодветните прирабници го заштитуваат дискот за сечење и на
тој начин ја намалуваат опасноста од кршење на дискот за сечење.
f) Не употребувајте искористени дискови за брусење од
поголеми електро-алати. Дисковите за брусење за поголеми
електро-алати не се погодни за повисоките броеви на вртежи кај
помалите електро-алати и можат да се скршат.
g) Надворешниот дијаметар и дебелината на приборот мора да
соодветствуваат со податоците за димензиите на вашиот
електро-алат.
Приборите со несоодветна димензија не можат да бидат соодветно
заштитени или контролирани.
h) Големината на отворот на дисковите за сечење и прирабниците
мора точно да одговараат на оската на електричниот алат.
Дисковите за сечење и прирабниците со отвори на дисковите што
не одговараат на металните делови за монтажа на електричниот
алат нема да имаат рамнотежа, ќе вибрираат прекумерно и може
да предизвикаат губење на контролата.
i) Не користете оштетени дискови за сечење.Пред секоја употреба,
проверете дали дисковите за сечење имаат пукнатини или
оштетувања.Ако електричниот алат или дискот за сечење ви
паднат, проверете дали се оштетени или монтирајте неоштетен
диск за сечење.По проверката и монтажата на дискот за сечење,
вие и набљудувачите застанете подалеку од рамнината на
ротирачкиот диск за сечење и вклучете го електричниот алат со
максимална брзина без оптоварување за една минута. Оштетените
дискови за сечење обично се кршат за време на тестирањето.
j) Носете опрема за лична заштита.Во зависност од примената,
користете штит за лице, заштитна маска или заштитни очила.
Доколку е соодветно, носете маска за прашина, заштитници за
слух, ракавици и работна престилка коишто може да спречат мали
абразивни делчиња или делчиња од работното парче.
Заштитата за очите мора да може да ги спречи разлетаните
парчиња нечистотија што се создаваат при различните операции.
Маската за прашина или респираторот мора да може да ги спречи
честичките што се создаваат при работењето.Долготрајната
изложеност на бучава со висок интензитет може да предизвика
губење на слухот.
k) Кај лицата што стојат во близина внимавајте на тоа да се
почитува безбедно растојание од вашиот делокруг на работа.
Секој што ќе пристапи во делокругот на работа, мора да носи
опрема за лична заштита.
Можат да се разлетаат парчиња од работниот материјал или од
скршен додаток и да предизвикаат повреди, исто така и надвор од
директниот делокруг на работа.
l) Држете го електричниот алат за издадените површини при
изведување на операции при кои алатот за сечење можат да
дојдат во контакт со скриени жици. Контактот со водови што
спроведуваат напон, става и метални делови од електро-апаратот
под напон и доведува до електричен удар.
m) Никогаш не оставајте ја електричната алатка додека додатокот
целосно не сопре. Ротирачкиот додаток може да дојде во контакт
со подлогата за оставање, со што би можеле да ја изгубите
контролата врз електричната алатка.
n) Не оставајте го електро-алатот да работи додека го носите.
Вашата облека може да биде закачена преку случаен контакт со
приборот што се врти, при што тој може да навлезе во вашето
тело.
o) Редовно чистете го отворот за проветрување на вашиот
електро-алат.
Вентилаторот на моторот влече прашина во куќиштето, а големо
насобирање на метална прашина може да предизвика електрични
опасности.
p) Не употребувајте го електро-алатот во близина на материјали
што горат.
Таквите материјали можат да се запалат од искри.
Повратен удар и референтни безбедносни упатства
Повратниот удар претставува неочекувана реакција како последица на
заглавен или блокиран прибор што се врти, како на диск за брусење,
подножје за брусење, четка со жица итн. Заглавувањето или
блокирањето доведува до неодложно стопирање на ротирачкиот
прибор. На тој начин неконтролираниот електро-алат се забрзува во
спротивна насока од насоката на вртење на приборот во точката на
спојување.
Доколку, на пример, диск за брусење е заглавен или блокиран во
материјалот, работ на дискот за брусење што навлегува во
материјалот, може да се закачи и на тој начин да дојде до излегување
на дискот или да се предизвика повратен удар. Во таков случај дискот
за брусење се движи или кон операторот или настрана од него,
зависно од насоката на вртење на дискот во точката на спојување.
Притоа дисковите за брусење можат исто така и да се скршат.
Повратен удар претставува последица од погрешна или неисправна
употреба на електро-алатот. Тој може да биде избегнат со соодветни
мерки на претпазливост, како што се опишани подолу.
a) Држете го електро-алатот цврсто и поставете ги вашето тело и
вашите раце во позиција, со која ќе можете да дадете отпор на
силите од повратиот удар. Секогаш употребувајте ја додатната
рачка, доколку постои, за да можете да имате максимална
можна контрола над силите од повратниот удар или на
моментите на реакција при пуштање во работа.
Операторот може да ги контролира силите на повратниот удар и
реакционите сили со преземање соодветни мерки на
претпазливост.
b) Никогаш не поставувајте ја вашата рака во близина на прибор
што се врти.
Во случај на повратен удар, приборот може да биде исфрлен врз
вашата рака.
c) Избегнувајте го со вашето тело местото, во кое електро-алатот
се движи во случај на повратен удар.
Повратниот удар го води електро-алатот во спротивна насока од
насоката на движење на дискот за брусење на местото за
спојување.
d) Работете особено внимателно кај агли, остри рабови итн.
Спречувајте ситуации, во кои приборот се одбива од и
заглавува во материјалот за обработка.
Кај агли, остри рабови или во случај на одбивање ротирачкиот
прибор е склон кон заглавување. Тоа предизвикува губење на
контролата или повратен удар.
e) Не прикачувајте синџир за пила, сечило за резбарење дрво,
сегментиран дијамантски диск со периферно растојание
поголемо од 10 мм или сечило за пила со запци. Таквите
сечила создаваат чести повратни удари и губење на
контролата.
f) Не „заглавувајте" го тркалото за сечење и не нанесувајте
прекумерен притисок.Не обидувајте се да направите премногу
длабок засек. Преоптоварувањето на дискот за сечење го
зголемува оптоварувањето и подложноста на искривување
или заглавување на дискот за сечење во засекот и можност за
повратен удар или кршење на дискот за сечење.
g) Кога дискот за сечење е заглавен или треба да ја прекинете
работата, исклучете ја алатката и мирно држете го уредот за
сечење до потполно запирање на дискот за сечење. Никогаш
не обидувајте се да го извадите дискот за сечење од засекот
додека сѐ уште се движи, во спротивно може да се случи
повратен удар. Истражете и преземете корективна мерка за
отстранување на причината за заглавување на дискот за сечење.
h) Не вклучувајте го електро-алатот повторно, сè додека истиот
се наоѓа во материјалот за обработка. Дозволете дискот да го
достигне целиот број на вртежи, пред внимателно да го
продолжите сечењето. Во спротивно дискот може да заглави, да
отскокне од материјалот за обработка или да предизвика повратен
удар.
i) Потпрете ги плочите или големите материјали за обработка, за
да го намалите ризикот од повратен удар како резултат на
заглавен диск за делење. Големи материјали за обработка може
да свијат како последица на својата тежина. Материјалот за
обработка мора да биде потпран на двете страни и тоа како во
близина на засекот за делење така и на работ.
j) Бидете посебно внимателни при „Џебни засеци„ во постоечки
ѕидови или други подрачја каде што се нема увид. Дискот што
навлегува може да предизвика повратен удар при сечење во
гасоводи или водоводи, понатаму во електрични водови или други
објекти.
ОСТАНАТИ БЕЗБЕДНОСНИ И РАБОТНИ УПАТСТВА
При глодање на метал, се создаваат летечки искри. Погрижете се
луѓето да не бидат загрозени. Поради ризик од пожар, запалливи
матери не смеат да бидат лоцирани во близина (зона на искрење). Не
користете издув за прав.
Избегнувајте искри и прашина од брусењето да го погодат телото.
Никогаш не посегнувајте во зоната на опасната работна површина при
вклучена машина.
Прашината и струготините не смеат да се одстрануваат додека е
машината работи.
Во случај на значителни вибрации или појава на други неправилности
веднаш исклучете ја машината со цел да ја најдете причината за нив.
МАКЕДОНСКИ
125

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

4745 70 02 série

Table des Matières