Правила За Употреба - GGP ES 414 Manuel D'utilisation

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 23
MK
ПРАВИЛА ЗА УПОТРЕБА
Прочитајте ги соодветните упатства за моторот и акуму-
латорот (ако се доставени).
ЗАБЕЛЕШКА - Соодветноста меѓу ставките што се дадени во
упатството и соодветните слики (дадени на страниците
2 - 3) е претставена со број што претходи на соодветниот пасус.
1. КОМПЛЕТИРАЊЕ НА МОНТАЖАТА
ЗАБЕЛЕШКА - Машината може да се доставува со некои ве-
ќе поставени делови.
ВНИМАНИЕ – потпирањето и целата монтажа треба да се
извршат на цврста и рамна површина со доволно простор
за поместување на машината и на амбалажата користејќи
секогаш соодветни алати.
Фрлањето на амбалажата треба да се изведува во
согласност со важечките локални закони.
1.1a
Држач тип "I"- без регулација на висината - Монтирајте
го долниот дел од рачката (1) спојувајќи го со приложените
завртки (2). Монтирајте го горниот дел од ракофатот (3) со
приложените завртки, внимавајќи на правилна позиција на
спиралата (5) на кабелот за стартување.
На некои модели: поврзете го кабелот од моторната кочница
(6) закачете го терминалот (7) од жицата на соодветниот отвор
на командната рачка (8); значи фиксирајте ја потпората на
кабелот (6а) за рачката со помош на завртките (9), како што е
наведено.
Каблите на командите фиксирајте ги на рачката со стегите (10).
1.1b
Држач тип "II"- со регулација на висината - Вратете го
долниот дел од рачката (1) во работна положба и прицврстете
го на место со долната стега (2), и погрижете се двата клина (3)
да останат вметнати во соодветните отвори (4). Поставете го
горниот дел (5) со приложените завртки (6), внимавајќи на
правилна позиција на спиралата (7) на кабелот за стартување.
На некои модели: поврзете го кабелот од моторната кочница
(8) закачете го терминалот (9) од жицата на соодветниот отвор
на командната рачка (10); значи фиксирајте ја потпората на
кабелот (8а) за рачката со помош на завртките (11), како што е
наведено.
Каблите на командите фиксирајте ги на ракофатот со стегите
(12). Со олабавување на стегалките (2) ракофатот може да се
постави на две различни висини.
1.2a
Во случај на крута вреќа: Внимателно одделете ја
плочката (1) и подлошките (2) од горниот дел од вреќата (3).
Отстранете ги двете подлошки (2) и монтирајте ја плочката (1)
на горниот дел од вреќата (3) вметнувајќи ја со остар потег.
Монтирајте ги двете страни од вреќата (3) и (4), погрижете се
до крај да ги вметнете зацврстувачите во нивните лежишта, и
со остар потег фиксирајте ги со помош на завртките (5) кои ви
се дадени.
1.2b
Во случај на вреќа од пластика и платно:
Вметнете ја рамката (15) во вреќата (17) и прицврстете ги
пластичните шипки (18) со помош на одвртка, како што е
прикажано на цртежот. Вметнете го на долниот крај од
периметралните граничници (19) платното во жлебовите на
пластичните делови (13), оставајќи 5-7 мм на краевите.
1.3
Кај моделите со електро-стартер поврзете го кабелот
од акумулаторот на главниот кабел.
2. ОПИС НА КОНТРОЛИТЕ
2.1
Контролата на гасот (каде што ја има) е со контролен
46
лост (1) поставен како што е прикажано на соодветна плочка.
Некои модели имаат фиксна брзина, па според тоа не им е
потребен гас (2).
2.2
Кочницата на ножот се контролира со лостот (1), и треба
да се притисне кон ракофатот при стартување и користење на
тревокосачката. Кога лостот ќе го отпуштите, моторот запира.
2.3
Кај моделите со влечење, движењето на косачката
наназад се одвива со притискање на лостот (1) во правец на
рачката. Тревокосачката го запира движењето нанапред кога ќе
го отпуштите лостот.
2.4
Височината на косење се регулира со употреба на
лостовите (1). Кај некои модели, отстранете го поклопецот (2)
одвртете ја осовината (3) со клучот (4) кој ви е даден; поставете
ги тркалата во отворот (5) кој соодветствува со посакуваната
висина на сечење, завртетете ја докрај осовината (3) со клучот
(4). Четирите тркала мораат да бидат на еднаква височина.
ОВА РЕГУЛИРАЊЕ ВРШЕТЕ ГО САМО КОГА НОЖОТ МИРУВА.
3. КОСЕЊЕ НА ТРЕВАТА
3.1
Подигнете го дефлекторот и соодветно прицврстете го
магацинот за трева (1) како што е прикажано на сликата.
3.2
За придвижување, следете ги упатствата во упатството
за моторот, значи, повлечете ја рачката за кочницата (1) кон
држачот и потоа цврсто повлечете го ракофатот на јажето за
палење (2).
Кај моделите со електричен погон, повлечете ја рачката на
кочницата (1) кон рачката и свртете го клучот за контакт (3).
3.3
Тревникот ќе изгледа поубаво ако тревата секогаш се
коси на иста височина и со наизменично менување на правецот
на косење.
Совети за третман на тревникот
Секој вид на присутната трева има различни карактеристики и
може да бара различни режими на косење на тревникот.
Прочитајте ги секогаш упатствата што се содржани на
пакувањето на семето во однос на висината на препорачано
косење во однос на условите на растење во пределот каде е
посадена.
Треба да се трудите поголемиот дел од тревата да е од ист вид
и со едно или повеќе видови ливчиња. Ако ливчињата се
покосат целосно, се оштетува тревникот и идното косење ќе
биде многу тешко.
Г енерално, вреди да се следат следните упатства:
– многу ниско косење предизвикува корнење и проретчување
на тревната површина со што остануваат "голи места" ,
– на лето, косењето треба да е највисоко за да се избегне
исушување на теренот,
– не косете ја тревата кога е наводнувана. Тоа може да ја
намали ефикасноста на сечивата врз тревата бидејќи ќе се
лепи и ќе предизвика заглавување на слој од трева,
– во случај на делумно израсната трева, најдобро е да прво да
се искоси на најголема висина што ја дозволува машината,
проследено со второ косење по два или три денови.
3.4
Кога ќе завршите со косењето, отпуштете ја рачката на
кочницата (1) и исклучете го кабелот од свеќичката
Извадете го клучот (3) од стартерот (на моделите кои го имаат).
Пред да започнете со било какви работи на косачката
ПОЧЕКАЈТЕ НОЖОТ ПОТПОЛНО ДА ЗАПРЕ.
(2).

Hide quick links:

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières