Milwaukee M12 BST Notice Originale page 45

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 10
ОСТАНАТИ БЕЗБЕДНОСНИ НАПОМЕНИ
Секогаш да бидат свесни дека со злоупотреба и
неправилно ракување со оваа алатка може да се
повредите себи си или некој друг.
Алатката е наменета за употреба со една рака. Немојте
да ја држите алатката со предниот дел од магацинот. Не
ставајте ги рацете, главата или некои други делови од
телото во близина на дното од магацинот кога иглицата
излегува од алатката, бидејќи може да предизвикате
сериозни повреди.
Секогаш осигурајте се дека контактот на парчето што се
работи е целосно позициониран над парчето што се
работи. Позиционирањето на контактот на парчето што
се работи само парцијално над него може да предизвика
иглицата целосно да го промаши парчето кое се работи
и да доведе до сериозна повреда.
Немојте да забивате иглици близу до работ на
материјалот. Парчето што се работи може да се распука
и иглицата може да се врати и да ве повреди вас или
вашиот колега. Ве молиме да земете во предвид дека
иглицата може да ја следи текстурата на дрвото, со што
неочекувано може да штрчи странично од работниот
материјал или да се отклони, а можно е и да предизвика
повреди.
Држете ги рацете и другите делови од телото
понастрана од непосредната работна површина. Држете
го парчето што се работи со стегачи кога е потребно, со
што ќе се заштитат рацете и другите делови од телото
од несакани последици. Осигурајте се дека парчето што
се работи е прописно прицврстено пред да ја притиснете
иглицата во материјалот. Контактот на парчето што се
работи може да предизвика неочекувано поместување
на работниот материјал. Држете го лицето и другите
делови од телото подалеку од задниот дел од алатката
кога работите на ограничени површини. Неочекуван
повратен удар може да предизвика влијание врз телото,
особено кога се забиваат иглици во тврд или компактен
материјал.
При нормална употреба на алатката, алатката ќе се
врати во првичната положба веднаш штом ќе биде
забиена иглицата. Тоа е нормална функција на алатката.
Немојте да се обидете да го спречите повратниот удар
држејќи ja алатката на материјалот. Обидот да се спречи
повратен удар може да резултира со испукување на
втора иглица. Цврсто држете ја рачката, дозволете и на
алатката да ја врши својата работа и не ја ставајте
другата рака на врвот од алатката или близу до одводот
за издувни гасови. Непочитувањето на ова
предупредување може да предизвика сериозни повреди.
Немојте да забивате шајки над други шајки или под
стрмен агол, бидејќи тоа може да предизвика
скршнување на шајката што пак може да доведе до
повреда.
Секогаш да се проверува работната површина за
постоење на скриени електрични кабли, гасоводни
цевки, водоводни цевки, итн., пред да се користи
алатката на ваква работна површина.
Длабочината на аплицирањето на иглицата може да се
подеси под воздушен притисок. Ве советуваме најпрво
да ја тестирате длабочината на парчето кое се работи со
цел да се утврди потребната длабочина за аплицирање
на иглицата.
Само шајки што одговараат на описот даден во технички
податоци може да се користи со оваа алатка.
Користењето на несоодветни шајки може да доведе до
нивно заглавување или до други дефекти.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот
отпад и не горете ги. Дистрибутерите на Милвоки ги
собираат старите батерии, со што ја штитат нашата
околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети
(ризик од краток спој).
88
МАКЕДОНСКИ
Метални парчиња не смеат да навлезат во делот за
полнење на батерија (ризик од краток спој).
Користете исклучиво Систем 12 V за полнење на
батерии од 12 V систем. Не користете батерии од друг
систем.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и
чувајте ги само на суво место. Чувајте ги постојано суви.
Киселината од оштетените батериите може да истече
при екстремен напон или температури. Доколку дојдете
во контакт со исатата, измијте се веднаш со сапун и
вода. Во случај на контакт со очите плакнете ги убаво
најмалку 10минути и задолжително одете на лекар.
Предупредување! За да избегнете опасноста од пожар,
од наранувања или од оштетување на производот,
коишто ги создава краток спој, не ја потопувајте во
течност алатката, заменливата батерија или полначот и
пазете во уредите и во батериите да не проникнуваат
течности. Корозивни или електроспроводливи течности,
како солена вода, одредени хемикалии, избелувачки
препарати или производи кои содржат избелувачки
супстанции, можат да предизвикаат краток спој.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Хефталката е наменета за забивање на иглици во дрво
или слични меки материјали од магацинот кој содржи
лента од соодветни иглици. Иглиците кои можат
безбедно да се наполнат во магацинот за овој производ
се дадени во табелата на спецификации на производот
во овој прирачник. Немојте да користите друг тип на
иглици. Хефталката не смее да се користи за
фиксирање на електрични кабли.
Не го користете овој производ на било кој друг начин
освен пропишаниот за нормална употреба.
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Во своја сопствена одговорност изјавуваме дека под
"Технички податоци" опишаниот производ е во склад со
сите релевантни прописи од регулативата 2011/65/EU
(RoHs), 2014/30/EU, 2006/42/EC и следните
хармонизирачки нормативни документи:
EN 60745-1: 2009+A11:2010,
EN 60745-2-16:2010
EN 55014-1:2006+A1:2009+A2:2011
EN 55014-2:2015
EN50581:2012
Winnenden, 2017-04-26
Alexander Krug
Managing Director
Ополномоштен за составување на техничката
документација.
Techtronic Industries GmbH
Max-Eyth-Straße 10
71364 Winnenden
Germany
БАТЕРИИ
Батриите кои не биле користени подолго време треба да
се наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат
траењето на батериите. Избегнувајте подолго
изложување на батериите на високи температури или
сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се
наполнат целосно по употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после
нивното полнење треба да бидат извадени од апаратот
за полнење на батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30
дена: Акумулаторот да се чува на температура од
приближно 27°C и на суво место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од
состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6
месеци.
ТРАНСПОРТ НА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Литуим-јонските батерии подлежат на законските
одредби за транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и
одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен патен
транспорт на истите.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од страна
на шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите за
транспорт на опасни материии. Подготовките за шпедиција и
транспорт треба да ги вршат исклучиво соодветно обучени лица.
Целокупниот процес треба да биде стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на
следното:
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а сето
тоа со цел да се избегнат кратки споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во
нивната амбалажа.
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени литиум-јонски
батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето
шпедитерско претпријатие.
СОВЕТИ ЗА КОРИСНИКОТ
Индикатор за полнење
Кога магацинот е скоро празен (содржи само 4–5 шајки),
под нормален притисок не се активира работен контакт
и не се забива шајка. Наполнете го магацинот за да
може да продолжите со работа.
Подесете ја длабочината на забивање (види
илустрации)
Проверете што се наоѓа зад парчето што се работи. При
забивањето, шајката може да го пробие материјалот и
сериозно да повреди други лица. Намалете ја потребата
од поголема длабочина на забивање, за да спречите
шајката да го пробие материјалот.
ОДРЖУВАЊЕ
Вентилациските отвори на машината мора да бидат
комплетно отворени постојано.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани
треба да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги
сервисните агенти на Milwaukee (консултирајте ја
листата на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на
апаратот со наведување на машинскиот тип и
шестоцифрениот број на табличката со учинокот или во
Вашата корисничка служба или директно кај Techtronic
Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden,
Германија.
СИМБОЛИ
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
ОПАСНОСТ!
Извадете го батерискиот склоп пред
отпочнување на каков и да е зафат врз
машината.
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за
употреба.
Секогаш при користење на машината
носете ракавици.
Носете ракавици!
Носте штитник за уши.
Електричните апарати и батериите што
се полнат не смеат да се фрлат заедно со
домашниот отпад.
Електричните апарати и батериите треба
да се собираат одделно и да се однесат во
соодветниот погон заради нивно фрлање во
склад со начелата за заштита на околината.
Информирајте се кај Вашите местни
служби или кај специјализираниот трговски
претставник, каде има такви погони за
рециклажа и собирни станици.
СЕ-знак
Национален конформитетски знак за
Украина
EurAsian (Евроазиски) знак на
конформитет.
МАКЕДОНСКИ
89

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

M12 bst-0

Table des Matières